Турција испрати месо од курбаните за Македонија

Во Македонија во организација на Државниот секретаријат за верски прашања на Турција беа поделени 400 пакети

150234
Турција испрати месо од курбаните за Македонија

Во Македонија во организација на Државниот секретаријат за верски прашања на Турција беа поделени 400 пакети со месо од курбаните заколени во Турција според правилото на давање полномоштво на други лица.

Делегација на Државниот секретаријат за верски прашања предводена од Гази Ердем пакетите ги подели на жителите на селото Конче кај Радовиш.

Во меѓувреме Турската Црвена Полумесечина исто така организираше акција на колење на курбани во селата во Источна Македонија. Во овие села за три дена на Курбан Бајрам беа заклани 70 говеда и 210 овни. Месото потоа беше поделено меѓу помалку имотните селани на селата во Источна Македонија.


Тагови:

Слични вести