Поддршка од ТИКА на Македонија и Албанија

ТИКА на МИА и додели нова компјутерска опрема

130623
Поддршка од ТИКА на Македонија и Албанија

Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) на македонската официјална новинска агенција „Македонска информативна агенција (МИА)“ и подари 34 компјутери и компјутерска опрема.
На свеченоста што се одржа во зградата на генералната дирекција на МИА учествуваа генералниот директор на МИА Љупчо Јакимовски, членовите на Управниот одбор на МИА, советниот на амбасадата на РТ во Скопје Синан Ертај и координаторот на ТИКА во Скопје Теоман Тирјаки.
Генералниот директор на МИА Јакимовски во говорот што го одржа на свеченоста, изрази задоволство и благодарност по повод доделувањето на техничката опрема и додаде дека доделениот грант во компјутерска опрема ќе допринесе кон надминувањето на техничките проблеми.
Од друга страна пак, во писменото соопштение објавени од страна на ТИКА беше истакнато дека по повод започнувањето на новата учебна година, на 2 илјади сирачиња во Албанија им беше доделена помош во книги и тетратки на учениците.
Според соопштението, ТИКА во заедничка соработка со Алтернативната фондација на иднината (АЛСАР) на сирачињата во 577 училишта во 25 градови на Албанија, по повод започнувањето на новата учебна година и во знак на поддршка и поттикнување, на учениците им беше доделена помош во книги и тетратки. Материјалите за учење на властите им беа доделени со свечена церемонија.
На свеченоста учествуваа министерот за земјоделство, храна и заштита на потрошувачите Едмонд Панарити, валијата на Тирана Соди Ворпси, амбасадорот на РТ во Тирана Хидајет Бајрактар, координаторот на ТИКА во Тирана Бирол Четин и претседателот на Фондацијата „Алсар“ Мехди Гура како и низа други високи бирократи.


Тагови:

Слични вести