Церемонија за босанските шехиди на Вол Стрит во Њујорк

Церемонијата се приредува секоја година на вториот ден од Рамазан Бајрам во знак на сеќавање на босанските шехиди – жртви на војната

74523
 Церемонија за босанските шехиди на Вол Стрит во Њујорк

По повод „ Денот на шехидите“ што се организира по повод сеќавање на околу 200 000 босански муслимани кои го загубија животот во војната во Босна и Херцеговина на вол Стрит во Њујорк се одржа свеченост на истакнување на знамето.

На свеченоста не беа заборавени Палестинците од Газа.

Свеченоста беше приредена во паркот Бовлинг Грин пред споменикот на бикот Чарџинг кој е симболот на Вол Стрит. Свеченоста помина со поставување на државните знамиња на САД и на Босна и Херцеговина во придружба на химните на двете земји.

Церемонијата се приредува секоја година на вториот ден од Рамазан Бајрам во знак на сеќавање на босанските шехиди – жртви на војната. Учесниците на церемонијата одржаа едно минутно молчење во знак на сеќавање на жртвите на војната во БиХ и во знак на жртвите на израелското бомбардирање на Газа деновиве.

На свеченоста меѓу другите присуствуваа Али Чинар претставник од државната дирекција за дијаспората и братските турски заедници, Ибрахим Куртулуш советник на претседателот на здружението Турк Харс, претседателот на здружението Бовлинг Грин Артур Пиколо, генералниот секретар на Исламскиот Центар на Босна и Херцеговина во Њујорк Сенад Ахметовиќ, Алиса Ивојевиќ – Матијевиќ координатор за хуманитарна помош како и голем број граѓани и гости.

Знамето на Босна и Херцеговина на Вол Стрит во Њујорк ќе се вее една недела.


Тагови:

Слични вести