Хашим Тачи победи на изборите во Косово

Апсолутната победа на Тачи ќе му овозможи самостојно да формира влада

89069
Хашим Тачи победи на изборите во Косово

Хашим Тачи излезе како победник од општите избори што во неделата се одржаа на Косово. Изборите во неделата беа втори по ред од осамостојувањето на Косово како независна држава.
Според се уште неофицијалните изборни резултати партијата на актуелниот косовски премиер Хашим Тачи Демократската Партија на Косово извојува апсолутна победа што ќе му овозможи на Тачи самостојно да формира влада.
Косовските Турци се определија за Демократската Партија на Турците на Косово. Турците загарантираа 2 пратенички места во косовското собрание со 120 пратеници. Косовските Турци исто така очекуваат да бидат претставени во новиот состав на косовската влада.

 


Тагови:

Слични вести