ВМРО-ДМПНЕ ВОДИ НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ ВО МАКЕДОНИЈА

На претседателските избори води кандидатот на владејачката конзервативна партија Ѓорѓе Иванов

62958
ВМРО-ДМПНЕ ВОДИ НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ ВО МАКЕДОНИЈА

На претседателските и парламентарни избори во Македонија, конзервативната влада води со голема предност.

Приврзаниците на конзервативните сили почнаа со одбележувањето на победата во Скопје, додека централно левичарската партија во опозиција соопшти дека нема да ги признае резултатите.

Поголемиот број од гласовите од вчерашниот втор круг на претседателски и парламентарни избори во Македонија се избројани.

На парламентарните избори се избројани 63 насто од гласовите и според неофицијалните резултати, со 43 насто освоени гласови води владејачката партија на ВМРО-ДМПНЕ со премиерот Никола Груевски кој два мандати управува со земјата.

Коалициониот партнер Партијата за демократски просперитет на Албанците, освои 14 насто од гласовите.

Владејачката коалиција која од 2006 година управува со земјата, на овие избори се очекува да освои мнозинство од гласовите и на тој начин 3 пат ќе управуваат со земјата.

Главната опозициона партија Социјалдемократскиот сојуз со 24 насто освоени гласови се наоѓа на второ место.

Опозицијата тврди дека на изборите биле фалсификувани гласовите на избирачите и дека нема да ги признаат изборите, додека против владејачките партии победничките резултати ги прославија со голема радост во Скопје.

На претседателските избори води кандидатот на владејачката конзервативна партија Ѓорѓе Иванов.


Тагови:

Слични вести