Досие анализа 36-2022

Украинската криза и нормализацијата на Блискиот Исток

1822825
Досие анализа 36-2022

 

Според заклучоците на земјите од Блискиот Исток во борбата за голема моќ во Новата студена војна, руско-украинската војна го окупира дневниот ред на Вашингтон, поради што од страна на САД не им се посветува доволно внимание на итните безбедносни проблеми на земјите од Блискиот Исток.

Израел и некои земји во Персискиот Залив се загрижени дека администрацијата на Бајден ќе направи сериозни отстапки на Техеран поради продолжувањето на руско-украинската војна во тековните индиректни преговори со Иран во Виена.

Се смета дека ако Иран прифати да се придржува кон нуклеарниот договор од 2015 година, Вашингтон ќе го повлече своето барање за ограничување на ракетните капацитети на Иран и ќе го занемари влијанието и присуството на локалните милиции на Техеран во регионот. Впрочем, можноста за бришење на Иранската револуционерна гарда од терористичката листа на САД во врска со обновувањето на нуклеарниот договор за кој се разговара во Вашингтон, се смета како безбедносен проблем кој е тешко прифатлив за горенаведените земји.

Земјите од Персискиот залив, особено во последните години, се разочарани од односот на САД. Политиката на ориентација на Вашингтон кон Азија претставува пад на важноста на регионот. Исто така, се чини дека беше забележано дека администрацијата на Бајден не интервенираше во ракетните напади од страна на Хутите во Јемен, поддржани од Иран врз Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Затоа, земјите од Персискиот залив се насочија кон диверзифицирање на своите односи со многу земји, освен со САД, и се разбира, со големите сили како Кина и Русија, со цел да обезбедат воена опрема и да создадат нови трговски односи.

Иако САД не се задоволни од ваквата политика на диверзификација на земјите од регионот, тие сè уште не презедоа сериозен став за да ја сменат оваа ситуација. Сепак, неочекувано во иднина, администрацијата на Вашингтон може да биде вклучена во процесот на зближување меѓу земјите од Персискиот Залив, Израел и северноафриканските земји. Вашингтон можеби ќе сака да ја претвори оваа констелација во регионот на Блискиот Исток во адут во своето ривалство на големите сили. Во овој процес, може да се појави нова основа за регионална соработка заснована на одредени прашања.

Во моментов, ОАЕ, Египет, Саудиска Арабија, Јордан, Мароко, Бахреин, Ирак и Израел се меѓу земјите кои бараат нови можности за соработка со различни состаноци во регионот на Блискиот Исток. Можеби ќе биде во интерес на Турција да се вклучи во овие повеќеслојни иницијативи во ситуации компатибилни со нејзините сопствени цели. Доколку Анкара учествува во овие повеќекратни иницијативи за соработка за различни прашања, во иднина, кога ќе завршат преговорите, индиректно ќе биде избалансирано зголеменото влијание на Иран или неговите милиции во регионот. Дополнително, Турција во регионот на Персискиот Залив дејствува со логиката на комерцијална победа-победа. Поради оваа причина, продлабочувањето на овие иницијативи значи дека Анкара воспоставува нови партнерства со земјите од регионот во области како што се енергетиката и туризмот. Така, ако САД еден ден се вратат во регионот на Источниот Медитеран и Блискиот Исток со дизајни на сојузи со седиште во Вашингтон поради новата студена војна, можноста Турција да биде надвор од равенката на терен ќе биде елиминирана преку соработката што ја има развиено со земјите од регионот за различни прашања.

Во претстојните денови Турција може да преземе нови чекори за нормализацијата на Блискиот Исток, а тоа може да и овозможи на Турција да добие значителна предност за време на украинската криза.

Автор на програата е д-р Мурат Јешилташ, директор за безбедносни студии на Фондацијата за политички, економски и општествен истражувања (СЕТА).



Слични вести