Дали знаете дека во Трабзон постои техника на плетење накит „Хасир“, карактеристична за Турција?

Почетокот на техникта на плетење од Трабзон (трабзонската техника на плетење) „Хасир“ датира од Скитите кои живееле во 7. век пред новата ера

1767735
Дали знаете дека во Трабзон постои техника на плетење накит „Хасир“, карактеристична за Турција?
Trabzon hasırı.jpg

Дали знаете дека техниката на плетење накит од Трабзон „Хасир“ е карактеристична за Турција во секторот на накит во светот?

Почетокот на техникта на плетење од Трабзон (трабзонската техника на плетење) „Хасир“ датира од Скитите кои живееле во 7. век пред новата ера. Оваа техника на плетење била користена уште од дамнешни времиња, од античко време, во производството на оклопи за заштита и за појаси на кои се ставале, односно носеле сабјите.

Така и изработката на плетени белегзии, нараквици, која изискува голем труд и вештина, е рачна изработка која се плете како оклоп со златни или сребрени жици и претставува наследство коешто датира пред векови. Овој рачен накит во црноморската област на Турција се изработува само во градот Трабзон. Изработката, односно техниката на плетење во градот Трабзон го донеле Кавказијците кои за време на Руската револуција од 1917 година (болшевичката или октомвриската револуција) се засолниле во Трабзон, а потоа почнала да се изработува од страна на жените од Трабзон, Трабзонките.

Во првите години кога почнала оваа техника на плетење, односно овој начин на производство, накитот изработен од метали со мала драгоцена вредност, како што е среброто, подоцна почнал да се изработува , односно произведува со користење и на злато.

Трабзонското плетење, или трабзонскиот „Хасир“ како што се нарекува, којшто се плете од страна на жените од Трабзон, Трабзонките, со многу голем и напорен труд, е многу драгоцен накит. Една плетена белегзија или нараквица изработена со тенка сребрена или златна жица од 0,3 мм може да се изработи односно исплете за некаде околу 15 дена.

Плетените белегзии, односно нараквици коишто ги изработуваат жените од Трабзон, Трабзонките и кои ја развиле оваа умиетност којашто ја научиле од Кавказ, се дефинираат како „златна тантела или чипка“ и од градот Трабзон им се испраќаат на жените низ целиот свет.

 



Слични вести