Досие анализа на неделата: Блискиот исток во 2022 година

Коментар на Џан Аџун, истражувач за надворешна политика на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања (СЕТА)…

1758513
Досие анализа на неделата: Блискиот исток во 2022 година

2021 година помина со големи предизвици за Блискиот Исток. Додека од една страна проблемите темелени на здравството предизвикани од Ковид-19 имаа економски и политички рефлексии, продолжија конфликтите во голем број земји како Сирија и Либија, со што не можеше целосно да се воспостави политичката стабилност. Повлекувањето на своите војници чекор по чекор од регионот, а особено од Авганистан од страна на САД, обезбеди нови можности од геополитички аспект, како во име на Кина и Русија, така и во име на регионалните земји како што се Турција и Иран. 2022 година пак, продолжува да содржи, ѝ големи можности, ѝ големи ризици од аспект на регионот.

2021 година беше многу тешка година за земјите од Блискиот Исток. Особено во сериозна мера беа почувствувани влијанијата на глобалната пандемија, а здравствената инфраструктура на земјите се соочи со големи предизвици. Додека неколку земји со силен здравствен систем како Турција дадоа добар испит, во повеќето земји на Блискиот исток се појавија сериозни тешкотии. Повторно, додека продолжија конфликтите во голем број регионални земји од Либија до Сирија, не дојде до политичка стабилност. Впрочем, додека САД почнаа постепено да ги повлекуваат своите војници од регионот, а особено од Авганистан, тоа создаде празнина во моќта. Додека странските актери како што се Русија и Кина се обидуваат да го пополнат овој простор, се појавија важни можности и од аспект на Турција и Иран. Заливските земји, односно земјите од Персискиот залив пак,  кои претходно потпирајќи се на САД водеа невнимателна и тврда јастребска политика, ревидирајќи ги своите актуелни политики почнаа да се обидуваат да ги нормализираат своите односи со земјите од регионот.

Се чини дека е многу веројатно 2022 година да биде обликувана со овие споменати мотиви. Односно, од една страна како ќе се пополни празнината т.е. вакумот на моќ што ќе настане со повлекувањето на САД, а од друга страна процесот на нормализација меѓу Турција и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Саудиска Арабија и Египет. Впрочем, повторно на процесот во голема мера ќе влијае и нормализацијата меѓу Заливските земји и Иран. Макар и со различни причини поради конјуктурата сите земји на Блискиот Исток се во потрага по нормализација. Спиралата изгуби-изгуби којашто трае извесно време многу ги измори сите земји. Меѓутоа, иако процесите на нормализација презентираат една позитивна слика за Блискиот Исток, особено нуклеарното инсистирање на Иран, можните закани на Израел и нестабилноста во региони како што се Сирија, Либија, Либан и Јемен, ќе продолжат да располагаат со потенцијал за создавање на големи закани. Не би можело да се каже дека постои една многу оптимистичка слика за една вистинска нормализација и за воспоставување на нејзината институционална инфраструктура, без да бидат елиминирани структурните проблеми во регионот.

 

Коментар на Џан Аџун, истражувач за надворешна политика на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања (СЕТА)…



Слични вести