За добро здравје: Природни решенија против напукнати усни

Со помош на прстите нанесете доволно мед (по можност органски) со тоа што целосно ќе ги покриете вашите усни и оставете го да почека 15 минути. Овој метод можете да го применувате 2-3 пати на ден.

1756507
За добро здравје: Природни решенија против напукнати усни

Денес би сакале да зборуваме за предлози за природни решенија за напукнати усни. Овие наши предлози можеме да ги наброеме на следниот начин:

Гранулиран шеќер

Измешајте една средна лажичка гранулиран шеќер со една средна лажичка мед, нанесете ја на усните и оставете да отстои околу пет минути. Потоа исчистете ги вашите усни со млака вода.

Мед

Со помош на прстите нанесете доволно мед (по можност органски) со тоа што целосно ќе ги покриете вашите усни и оставете го да почека 15 минути. Овој метод можете да го применувате 2-3 пати на ден.

Со оваа формула која ќе ја нанесувате 3-4 пати неделно, можете да ги излечите вашите напукнати усни.

Краставица

Краставицата, исто така, ќе им ја обезбеди на вашите усни потребната влага за нивно лечење. Нанесете ја сочната страна од краставицата на вашите усни и почекајте. По 15-20 минути исчистете ги усните.

Другата примена на краставицата е вака:

Најпрвин изрендајте ја краставицата со лушпите во погоден сад. Изренданите парчиња краставица залепете ги на вашите усни и оставете ги да постојат најмалку 20 минути. На крајот на потребното време на стоење измијте ги усните со ладна вода.

Бадем:

За пилинг за усни со бадем, истурете една мала лажичка мелени бадеми во сад, додадете половина мала лажичка рафиниран шеќер и една мала лажичка мед. Оставете ја оваа смеса да отстои на вашите усни две минути, а потоа отстранете ја.

Талог од кафе:

Талогот од кафе е доста корисен за суви усни. Во сад ставете околу една мала лажичка талог од кафе. На неа додадете една мала лажичка мед и 1-2 капки маслиново масло. Оваа смеса нанесете ја на вашите усни. На крај измијте ги со млака вода.

Маска од јогурт и сусам:

Состојки

• Една средна лажица јогурт

• Една средна лажица масло од сусам

Јогуртот и маслото од сусам измешајте ги добро во погоден сад. Нанесете ја смесата на вашите усни со нејзино добро триење со помош на вашите прсти. Кога ќе заврши процесот на триење, можете да ги исчистите вашите усни со ладна вода.

Оваа маска можете да ја правите еднаш неделно.

Маслиново масло

Можете да имате усни без пукнатини благодарение на маслиновото масло кое секоја вечер пред спиење ќе го нанесувате околу вашите усни со помош на памук.

Алое вера

Нанесете го гелот од исечениот лист од алое вера на вашите усни ноќе и легнете да спиете.

Кокосово масло

Доволно е кокосовото масло во цврста форма да ја намачкате на вашите напукнати усни.

Млеко и лисја од роза

Во сад со млако млеко ставете грст лисја од роза и оставете да отстои половина час. Потоа извадете ги лисјата од роза од млекото, изгмечете ги и нанесете ја оваа смеса на вашите усни пред да заспиете.

Солена вода

Солената вода помага раната да биде чиста за време на процесот на оздравување. За таа цел, една лажица сол се додава во една мала чаша млака вода. Во оваа солена вода се натопува памучна крпа или памучна топка и се нанесува на усните. За време на нанесувањето може да се почувствува и печење и болка на усните, но тие исчезнуваат по неколку минути.

Вода

За да им ја вратите повторно изгубената влага на вашите усни не заборавајте да пиете вода, дури и доколку не чувствувате жед, Со пиење 8-10 чаши вода дневно, можете да му ја обезбедите на вашето тело потребната вода и да се спасите од сувите усни и пукнатините.

 



Слични вести