Културните богатства на Анадолија: Севети Никола познат како Дедо Мраз од Демре кај Анталија

Дедо Мраз е легендарен лик кој ноќта на 24 декември влегува скришум во домовите и им остава подароци на децата кои „биле послушни“ во текот на годината

1754651
Културните богатства на Анадолија: Севети Никола познат како Дедо Мраз од Демре кај Анталија
Aziz Nikolaos Kilisesi Demre 02.jpg
7-antalya-demre-muzesi.jpg
demre.jpg

Дали сакате да подарувате? Добро, а да добивате подароци? Дали кога давате подарок, очекувате нешто за возврат на тоа...? За донешниот човек има толку многу посебни денови за да се дава или да се прима подарок.! Родендени, денови на вљубените, денови на мајките, денови на татковците, нова година...  

Воопшто не е мал бројот на оние кои мислат дека овие наброени денови се денови на кои намерно им се наметнуваат емотивни значења...

Ова прашање ја привлекува заинтересираноста, ѝ на економистите, ѝ на социолозите, ѝ на психолозите. Дали мислите дека некои можеби се обидуваат да ги поттикнат поединците и да ја разгорат, односно интензивираат потрошувачката? Некои експерти наведуваат дека луѓето се потрошувачи додека живеат! Велат дека сфаќањето за „консумирање онолку колку што е потребно“ во традиционалните општества, е претворено во концепт на „желба“ во современите општества. Иако давањето и примањето подароци изгледа како индивидуален/поединечен чин, тоа се смета за општествен феномен или факт. Бидејќи благодарение на тоа се пренесуваат и културата и традициите...

Едниот од најочигледните примери за тоа, се појавува пред нас за време на божиќните и новогодишните прослави. Христијаните роденденот на Исус го слават на 25 декември; Во повеќето муслимански земји, ноќта на 31 декември го означува крајот на старата година и почетокот на новата година. Дури и за повеќето христијански општества денес, Божиќ е дојден во положба на посебна дневна прослава која го напуштила своето религиозно значење и која се заснова на давање и примање подароци. Денеска ќе ви раскажеме за едниот од најпознатите симболи на божиќните и новогодишните прослави, за ликот „Дедо Мраз“.

Дедо Мраз е легендарен лик кој ноќта на 24 декември влегува скришум во домовите и им остава подароци на децата кои „биле послушни“ во текот на годината. Иако во Холандија, Шпанија, Ирска, Германија и Русија е познат и се споменува по различни имиња, најчестото име му е Санта Клаус... Се мисли дека овој лик е инспириран од богот Один во скандинавската митологија. Запознавањето на овој европски карактер со еден нов континент пак, е благодарение на холандските иселеници. Холандските иселеници кои заминале во Њујорк, со себе го однеле и овој легендарен лик, кој е дел од нивната култура и американскиот континент се запознал со Дедо Мраз. Америка и Канаѓаните веднаш го присвоиле Дедо Мраз за кого се верува дека живее на Северниот Пол. Сепак, повеќето луѓе не знаат дека Дедо Мраз кој толку многу влијаел на светот, всушност е Свети Никола од Демре кој живее во ова жешко ли жешко градче во Анадолија каде што речиси никогаш не може да се види снег.

Денешно Демре, по неговото име во тој период Мира, е едниот од шесте најважни градови на Ликискиот сојуз, сместен на југот на Анадолија, на брегот на Средоземното Море. Свети Никола од Демре бил главен свештеник на еден манастир во близина на Патара, престолнината на Ликискиот сојуз. Потоа бил назначен за епископ на Демре. По смртта на неговите родители, големото наследство коешто му останало го потрошил за сиромашните, болните и беспомошните. За да не би се чувствувале должни луѓето поради неповратната помош што им ја доставувал, Тој оваа помош ја доставувал тајно.

Свети Никола е познат како заштитник на морињата и светец на децата и чудата. Во врска со него се раскажуваат разни чуда... Одредено време на сите галии или бродови коишто пловеле по Средоземното Море, биле закачувани икони на Свети Никола. Свети Никола во текот на целиот негов  живот им подавал рака за помош на  сиромашните, односно на оние кои имаат потреба од помош. По смртта се искачил до чин „светец“. Бил погребан во црквата Свети Никола во Демре. Црквата, на чии ѕидови има слики во врска со христијанството и чудата кои ги направил Свети Никола, во текот на средниот век се користела како место или центар за аџилак. Верниците кои по море одат во Ерусалим (Кудс) наминуваат во  Мира и посетувајќи ја црквата Свети Никола стануваат аџии.

Во месец декември 1955 година група туристички работници со цел да ја промовираат Турција испратиле по пошта разгледници од Анталија со поштенски марки на Дедо Мраз до значајнии институции и државници во светот. Црквата Свети Никола или Дедо Мраз, за ​​која дотогаш знаеле многу мал број луѓе, благодарение на тоа станала позната ширум светот.

Денеска во Демре секоја година на 6 декември, датумот на смртта на Свети Никола, во негов спомен се одржуваат манифестации под името „Повик за светски мир со Дедо Мраз“. Анадолија, која илјадници години е домаќин на различни религии и култури, со овој настан на кој се упатуваат молитви за мир и братство, уште еднаш ја презема истата задача.

За прв пат еден американски карикатурист инспириран од една песна го нацртал ликот на Дедо Мраз. Потоа бил повторно нацртан за една компанија за пијалоци. Веќе имаше еден сосема нов Дедо Мраз со бела коса и бела брада и мустаќи, облечен во црвена облека, со долга црвена капа, огромна вреќа во која носи подароци, со својата санка и со елени. Сите го присвоија и засакаа овој весел дебел, полничок старец кој им дели подароци на децата. Но, на ѕидовите на старата црква во Демре, Свети Никола е насликан како слаб и мал човек... Тој не може да се спаси од тоа што станува жртва на популарната култура. И Тој веќе е лик лишен од верскиот идентитет.

Можеби е убаво да се запамети човек со еден мал подарок, но според истражувањата, често човек останува во тешко да одговори на добиениот подарок. За да не се остане под тој направен гест, сакало или не тоа станува еден вид циклус, којшто постојано се повторува. Оваа состојба, Инуитите или Ескимите, ја пренеле на нивните поговорки велејќи: „Подароците создаваат робови, исто како што камшиците создаваат кучиња“. Сепак, важно е да се дава без да се прима нешто за воврат на тоа или пак да се конструира и гради неповратно или несебично, без да се очекува нешто за возврат на тоа. Овој начин на однесување никако не е туѓо за турската култура. Во турскиот свет има светец или евлија како што се нарекува на турски, кој им отрчува на помош на оние кои се во тесно или во тешка состојба, во неволја, кој исто како и Свети Никола ги исполнува довите, молитвите и желбите неповратно, несебично, без да очекува нешто за возврат на тоа. Исто како и Свети Никола, и Тој им пристигнува на помош за да ги спаси оние кои се во тешко и во неволја на копно и на море; патувајќи од земја до земја со брзина на светлината: Неговото име е Хизир. За личноста која ни доаѓа на помош кога најмалку очекуваме, во најнеочекуваниот момент, ние велиме: „Пристигна како Хизир“. Или кога некои од нашите залихи на интересен начин не се намалуваат, па дури и се зголемуваат, ние пред ова неочекувано изобилство и берикет ја користиме реченицата „Како да дошол или навратил Хизир“. Освен тоа, и Хизир е поврзан со новата година, но оваа нова година нема никаква врска со снегот и зимата; Прославите на Невруз и Хидирелез, кои се предвесници на пролетта, се датуми кога се слави новата година, односно тие се од древните традиции на Турците.

Додека помагаат, никој не ги гледа, не ги слуша, ѝ Хизир, ѝ Свети Никола. Доставената помош треба да биде тајна... Всушност не е залудно тоа што луѓето кои можат да го постигнат тоа, се нарекуваат „светци“ или „евлии“. Овие територии им се познати, ѝ на светците, ѝ на евлиите.

Најстарите новогодишни прослави во историските извори се среќаваат во Вавилон. Можеби имало и порано, но засега не знаеме. По Вавилон, секоја култура си избира и утврдува еден важен ден или еден период за еден нов почеток. Кога ќе дојде тоа време од годината, тој принесува жртва, односно ги исплонува своите завети, ги изнесува своите добри желби и очекувања. Денес, подароците го заземаат местото на принесувањето, а нашето очекување во врска со тоа што ќе донесе новата година продолжува. Нашите новогодишни очекувања остануваат вечно...

Денеска ви раскажавме за еден Медитеранец кој им ја подал својата рака за помош на децата, сиромашните и болните, неповратно и несебично, без да очекува ништо за возврат на тоа. Говоревме за Свети Никола од Демре, во целиот свет познат како Дедо Мраз/Дедо Божиќ или Санта Клаус.

 



Слични вести