Изброени деновите до воената операција во Сирија

Коментар на Џан Аџун, истражувач за надворешна политика на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА.

1726515
Изброени деновите до воената операција во Сирија

Додека во последно време се забележува зголемување на раздвиженоста на активностите во северна Сирија, особено судирите на Турските вооружени сили (ТВС) заедно со опозицијата продолжуваат со слаб интензитет на контактните линии на терористичката организација ПКК/ЈПГ. Додека се забележува дека турската армија се има распоредено во некои региони, турските и руските воени делегации продолжуваат со преговарите за евентуална воена операција. Вооружените беспилотни летала на ТВС и Националната разузнавачка служба (МИТ) често спроведуваат операции насочени кон таканаречените високи раководители на ПКК/ЈПГ.

По изјавата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган дека повеќе не можеме да го толерираме, насочена директно кон ПКК/ЈПГ во Сирија, се зголеми и раздвиженоста на терен. Додека Турските вооружени сили (ТВС) и Сириската национална армија (СНА) ги зголемуваат своите утврдувања во регионот и на исток и на запад на северот на Сирија, тие се во нови распоредувања на многу точки. Елементите на ПКК/ЈПГ, од друга страна, преку пропаганда се обидуваат да создадат меѓународно јавно мнение, додека продолжуваат со нападите и терористичките активности врз регионите под контрола на Турција. Се гледа дека терористичката организација е активна особено во областите Тел Рифат, Мунбич, Ајн ал Араб, Ајн Иса и Тел Тамир и се подготвува за можна воена операција со копање тунели и ровови.

Повторно продолжуваат судирите со слаб интензитет на контактните линии. Покрај тоа, вооружените беспилотни летала на ТВС и МИТ спроведуваат операции кои ги таргетираат и неутрализираат таканаречените елементи на ПКК/ЈПГ на високо ниво на многу точки во регионот.

Како што постепено се вжештува теренот, по се изгледа дека времетраењето и обемот на евентуалната воена операција на Турција ќе биде одредена на тековните преговори со руските воени делегации. Доколку дојде до договор со меѓусебни отстапки, може да има значителни промени на оската исток-запад на северот на Сирија, во спротивно турско-руската тензија ќе се претвори во нова прокси војна, особено на југот на Идлиб. Турција, пак, еднострано ќе започне со операции насочени кон терористичката организација ПКК/ЈПГ во различни региони.

Главната позиција на Русија во Сирија е режимот на Асад, со воено решение да доминира со целата земја и да ги избрка Турција и САД од Сирија. Сепак, Русија е свесна дека не е многу веројатно да се реализира ова сценарио.

На крајот на краиштата, може да се очекува дека Русија ќе постапи рационално и ќе каже „да“ на формулата што ќе се извлече од спиралата изгуби-изгуби со Турција. Затоа, со ревидирање на својата релевантна позиција, таа мора да се договори со Турција на теренот каде двете земји ќе ги заштитат своите интереси. Во спротивно, ќе продолжи меѓусебната ескалација.



Слични вести