Дали знаете дека баклавата од Газиантеп е регистрирана како производ со географска ознака во ЕУ?

Баклавата како слатко по потекло од Централна Азија и вкус којшто е донесен во Анадолија од страна на Турците, со текот на времето била разноликувана во османлиската сарајската кујна и го добила сегашниот изглед

1722489
Дали знаете дека баклавата од Газиантеп е регистрирана како производ со географска ознака во ЕУ?

Дали знаете дека баклавата од Газиантеп е регистрирана како производ со географска ознака во Европската унија (ЕУ)?

Баклавата е слатко по потекло од Централна Азија и вкус којшто е донесен во Анадолија од страна на Турците. Со текот на времето била разноликувана во османлиската сарајската кујна и го добила сегашниот изглед.

Денеска кога ќе се рече баклава, најпрвин на ум доаѓа баклавата од Газиантеп. Баклавата од Газиантеп која е родена во градот Газиантеп во Турција и која пренесувајќи се со учење од татко на син и од мајстор на чирак пристигнала до денеска, е едното од најзначајните видови на слатко на традиционалната турска кујна.    

Европската комисија во 2013 година издаде одобрение баклавата од Газиантеп да биде внесена на листите на „зачувано име на потекло“ и „зачувана географска ознака“.

Баклавата од Газиантеп која со себесвојствениот начин на подготвување односно производство, видовите состојки коишто се користат и квалитетот е дојдена во состојба на бренд, е едниот од најзначајните производи на Турција којшто е регистриран со географска ознака. Ова регистрирање односно ознака со којашто располага баклавата од Газиантеп е од големо значење за да би можела да ги зачува нејзините себеспецифични карактеристики и за да се спречи секој вид нејзина лоша употреба и нејзина имитација.

Баклавата од Газиантеп, првиот производ на турската кујна регистриран во Европската унија (ЕУ), веќе не е богатство само на турските трпези, туку е богатство и на европските трпези.

 



Слични вести