Дали знаете дека првата фабрика за авиони во Турција е формирана во 1926 година?

Заедно со прогласувањето на Републиката, Турција влезе во процес на развој речиси во секоја сфера. Една од тие сфери беше и воздухопловството

1721625
Дали знаете дека првата фабрика за авиони во Турција е формирана во 1926 година?

Дали знаете дека првата фабрика за авиони во Турција е формирана во 1926 година?

Заедно со прогласувањето на Републиката, Турција влезе во процес на развој речиси во секоја сфера. Една од тие сфери беше и воздухопловството.

Мустафа Кемал Ататурк му придаваше големо значење на развојот на воздухопловството во Турција. На 7 септември 1925 година со одлука на Министерскиот совет на Владата беше формирана компанија со инвестиција од тогашни 3,5 милиони турски лири. 51 отсто од акциите беа во сопственост на Министерството за национална одбрана на Турција, а 49 отсто на германската авионска фабрика „Јункерс“.

Потребните материјали за фабриката за авиони во Кајсери беа донесени од Германија. Фабриката беше свечено отворена со церемонија на 6 октомври 1926 година и производството започна во 6 хангари со 50 турски и 120 германски работници. Фабриката во времето кога беше изградена беше едната од големите фабрики за авиони.

По две години од изградбата на фабриката германската компанија своите акции и ги предаде на Турската институција за воздухопловство (ТХК) и фабриката за извесно време го сопре производството. Во фабриката за авиони во Кајсери која во 1930 година беше повторно отворена до 1942 година беа произведени вкупно 212 авиони од 7 различни модели.

Со влијанието и на Маршаловата помош којашто Соединетите Американски Држави (САД) во 1940-сетите години и ја доставија на Турција, најпрвин беше сопрено производството во фабриката за авиони, а потоа оваа фабрика беше пренаменета во Центар за воздушно снабдување и одржување.

 



Слични вести