Културните богатства на Анадолија: Библиотеката Целсус во Ефес

Историјата на библиотеките е речиси стара колку и историјата на писмото

1721083
Културните богатства на Анадолија: Библиотеката Целсус во Ефес

Љубителите на читањето на книги и истражувањето, библиотеките ги дефинираат како храм. И не може да се рече дека се многу неправедни, бидејќи во библиотеките владее спокојство и тишина, исто како и во светите верски места и објекти. Прочитаната книга или прашањето коешто се истражува, помага за еден вид духовно задоволство. Можеби затоа познатиот аргентински писател Хорхе Луис Борхес вели: „Јас секогаш рајот сум го замислувал како вид библиотека, а не како градина.“

Историјата на библиотеките е речиси стара колку и историјата на писмото. Со тие први натписи напишани на глинени плочи, и потоа кога почнал да се користи папирус, се појавила и потребата од чување на овие документи. Историските и културните елементи коишто дотогаш биле пренесувани од уста на уста, на тој начин почнале да се чуваат и заштитуваат на безбеден начин и библиотеките станале меморија на човештвото. Така наштетувањето на библиотеките за време на војни, всушност е за да се уништи оваа меморија. Анадолија е територија која исто така е сведок на првите изградени библиотеки коишто имаат придонес во формирањето на оваа акумулација на знаење и оваа меморија. Најпознатата и најголемата библиотека на античкиот период се наоѓала во Бергама. Третата најголема библиотека на времето пак, била Библиотеката Целсус во античкиот град Ефес.

Ефес бил значаен и величествен пристанишен град на античкиот свет… Истовремено бил политички и трговски центар на Медитеранот, еден од најзначајните крстосници помеѓу Азија и Европа. Ефес кој бил престолнина на Азиската провинција на Римската Империја, со своето население кое броело над 200 илјади жители, била едната од најголемите метрополи на времето. Историјата на овој град кој секогаш одигрувал значајна улога во науката, културата и уметноста, се протега до пред 6 илјади години пред новата ера! По Римската Империја, овој град бил населуван и во Византискиот и Османлискиот период. 

Античкиот град Ефес кој се наоѓа во населеното место Селчук кај градот Измир, само по себе било величествено населено место. Архитектурното богатство на градот можело да се натпреварува со Рим. Библиотеката Целсус во градот пак, била втората најголема библиотека на Анадолија и третата најголема библиотека на времето. Библиотеката Целсус била изградена од страна на синот на силниот сенатор на Римската Империја Целсус, во чест на неговиот татко. Неговиот син посакал да го овековечи името на неговиот татко сенаторот Целсус кој бил гувернер на Азиската провинција. Со своето богатство изградил библиотека и оваа градба ја ставил во услуга со нејзините книги и величествени уметнички дела. За зачувување и одржување на библиотеката и за купување на нови книги оставил во наследство 25 илјади римски златници.

Библиотеката Целсус била изградена во близина на градскиот центар односно агората, на главната улица на античкиот град Ефес. Блиску се наоѓа и Аудиториумот кадешто мислителите, научниците и поетите одржувале конференции, односно собири. Во дизајнот на библиотеката се вложени посебни напори за да би оставила впечатливо влијание. Едноставноста и функционалноста на јонскиот период биле оставени во втор план. Градбата на библиотеката се истакнува со подвижни фигури, скулптури, релјефи и украсни изработки. Привлекува внимание особено со предната страна и величествената и импресивна порта Августус. Извонредните статуи меѓу огромните столбови на предната страна, дури и денеска ги засенуваат очите на посетителите. Овие четири статуи на жени коишто ги претставуваат мудроста, интелигенцијата, знаењето и доблеста, се од највпечатливите примери на скулптурската уметност на античкиот период.

Библиотеката Целсус е со височина од 17 метри. За да би имале претстава би можеле да замислите една шестспратна зграда. Иако од предната страна се гледа како да е двоспратна, таа внатре е троспратна. Отворените делови на влезната врата од една страна спречувале да влегува внатре дождовата вода, а од друга страна обезбедувале да влегува дневна светлина во просторијата. За заштита од влага и топло на свитоците во ракопис за коишто се мисли дека биле некаде околу 12 илјади на број, помеѓу надворешните и внатрешните ѕидови била оставена празнина од приближно еден метар.

Величествената Библиотека Целсус располагала со една карактеристика за која што се знае сосема малку и со која таа била поразлична од другите. Можеби ќе се зачудите, но библиотеката истовремено е спомен гробница! Синот кој изградил библиотека во чест и спомен на неговиот татко, внатре го поставил и неговиот гроб. Овој наод којшто се поддржува со натписи на градбата и придава својство на „почесна библиотека“. Во периодот на Римската Империја, угледните личности по смртта се нарекувале и удостојувале како јунаци и биле закопувани во значајните градби на градот. Иако спомен гробницата во Библиотеката Целсус претставува убав пример за тоа, поставувањето на еден гроб во една јавна градба денеска нам ни изгледа доста интересно!

Античкиот град Ефес кој бил домаќин на различни цивилизации, денеска се наоѓа на Списокот на Светското културно наследство на УНЕСКО. По изминати стотици години со сета негова слава им ги нуди на посетителите периодите на коишто бил сведок и сето она коешто го има доживеано... Говориме за Библиотеката Целсус, како една од најзначајните библиотеки на античкиот период по библиотеките во Александрија и Бергама, но градот го импресионира човекот со уште голем број негови градби.  Храмот на Артемида кој се смета за едно од седумте чуда на античкиот свет, е најпознатата градба на градот. На местото на храмот денеска има само еден мермерен столб... Една друга импресиовна и значајна градба е античкиот театар на Ефес. Театарот е карактеристичен по тоа што со капацитетот за 25 илјади гледачи е најголемиот театар под отворено небо на античкот свет. Храмот на Хадријан, улицата Куретлер, Трајановата чешма, одеонот, бањите (амамите), аквадуктите, општинската зграда... Има толку голем број работи коишто можат да се видат во Ефес! Ние овде можеме да ги наброиме само нивните имиња, а да ги видите и прошетате ви останува вам!

Античкиот град Ефес има уште една карактеристика, градот уште од многу дамнешни времиња е познат како центар за аџилак.  Постојат наоди дека градот дури и пред 1.100 години бил во услуга на религијата. Храмот на Артемида всушност бил центар за аџилак во времето на паганството. По прифаќањето на христијанството основите на новата религија биле утврдени во Ефес во Црквата на Пресвета Богородица, како прва црква посветена на Пресвета Богородица. Затоа се прифаќа како центар за аџилак на христијанството. Освен тоа од големо значење за христијаните се и Пештерата на седумте заспани и Базиликата на Сент Џон, т.е. Светиот пророк Јона.   

Славниот епски град на еден период Ефес и неговите величествени градби не е можно да се раскажат во само една програма. Затоа денеска и одделивме место на едната од најимпресивните и највпечатливите градби во градот коишто од античкиот свет останале, односно се одржале до денеска, Библиотеката Целсус. Оваа библиотека во врска со која можеме да се стекнеме со информации од написите на објектот на библиотеката, со нејзината импресивна архитектура, украсите од коишто секоја посебно претставува уметничко дело и поради тоа што е со карактеристика на спомен гроб, е единствениот пример на анадолските простори. Релјефните изработки на Библиотеката Целсус, статуите, столбовите и нивните горни делови за жал денеска се изложуваат во Музејот во Виена. И од овде уште еднаш упатуваме повик неодделните делови на библиотеката што поскоро да се вратат на териториите на коишто им припаѓаат.

 



Слични вести