Средбата Ердоган – Путин

Коментар на Џан Аџун, истражувач за надворешна политика на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА

1713184
Средбата Ердоган – Путин

 

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин во Сочи се состанаа во време кога турско-руските односи се тестирани од аспект на многу геополитички важни прашања како што се Сирија и Либија. Иако состанокот беше важен од аспект на тајмингот, можеше да се види дека лидерите успеаја да создадат позитивна агенда и покрај сите проблеми. Особено по острите изјави на претседателот Ердоган против САД и Бајден, средбата во Сочи може да предизвика важни резултати.

Турско-руските односи се тестираат преку низа важни геополитички прашања. Додека Претставничкиот дом во Либија, предводен од Акила Салех, кого го поддржува Русија, објави дека го повлекува гласањето за доверба на владата, односот на Турција кон Крим и загриженоста на Русија за турската продажба на вооружените беспилотни летала ТБ2 СИХА на земји како Полска и Украина, од време на време предизвика тензии меѓу двете земји. Но, како и секогаш, најважниот проблем меѓу двете земји останува Сирија. Особено во последните неколку недели, руското систематско бомбардирање на Идлиб, па дури и таргетирање на сегментите на Националната армија, кои Турција ги обучи и опреми, директно во Африн, доведе до сериозна тензија. Турција, оваа нова воена активност ја прочита како можна подготовка за воена акција против Идлиб и ја зајакна својата воена моќ на терен. Потоа, министерот за национална одбрана Хулуси Акар öне се двоумеше да ја изрази својата загриженост со давање на некои изјави. Повторно, во контекст на претходниот договор во Сочи, неисполнувањето на оваа обврска од страна на Русија, додека требаше да обезбеди повлекување на сирискиот огранок на ПКК од турската граница до длабочина од 32 километри, останува важен проблем.

Во оваа конјунктура, состанокот на двајцата лидери со одржување нова средба беше важен за турско-руските односи. Особено, критиките на претседателот Ердоган кон Бајден во контекст на изјавите што ги даде за време на неговата посета на САД во контекст на состаноците на Генералното собрание на ОН и неговите позитивни изјави за Путин и турско-руските односи, дополнително ја зголемија важноста на новата средба во Сочи. На средбата, двајцата лидери по се изгледа дека разговараа за важни теми како што се Сирија, Либија и Авганистан, како и енергетско-геополитичките и меѓусебните економски односи. Се разбира, може да се смета дека се разговараше и за важни прашања што не беа откриени во јавноста. Во однос на резултатите од разговорите, стиловите на активностите што ќе ги преземат двете земји во претстојниот период, ќе дадат важни индиции. Конечно, Ердоган и Путин нема да дозволат ниедно прашање, вклучително и Идлиб, да ги труе односите меѓу двете земји и ќе одржат позитивна агенда.



Слични вести