Последната завеса во Идлиб

Силите на режимот во Сирија и Русија се обидуваат да ги натераат турските војници да се повлечат кон северот на земјата

1707181
Последната завеса во Идлиб

 

Во последните денови, силите на режимот на Асад, со руска воздушна поддршка повторно почнаа да го напаѓаат регионот Идлиб. Целта на нападите на регионот, кој го држи сириската опозиција и каде живеат околу четири милиони цивили, уште еднаш ја отвори вратата за голема хуманитарна криза. Додека Турција, поаѓајќи од свеста за опасноста, се обидува воено да преземе одвраќачки чекори, индиферентноста на меѓународната јавност го охрабрува режимот на Асад и неговите сојузници.

Додека воените случувања и конфликтите на теренот во Сирија во последните месеци се одвиваат во релативно мирен тек, режимот на Асад повторно започна да го напаѓа Идлиб со поддршка на руските воздухопловни сили. Со самитот на лидерите одржан во Сочи и договорот меѓу Турција и Русија во врска со регионот, конфликтите беа окончани во голема мерка. Меѓутоа, во текот на изминатите неколку недели, повторно сме сведоци на напади кои се зголемуваат. Се гледа дека силите поврзани со режимот од копно го напаѓаат регионот Џебели Завије, особено на југ од линијата М4, додека Русите од воздух. Ако го анализираме основниот тек на дејствување, можеме да утврдиме дека станува збор за  воспоставувањето воен притисок врз елементите на сириската опозиција и турската армија и на тој начин имаат намера да обезбедат повлекување на турската армија кон север. Подрачјето Џебели Завија е топографски многу високо во споредба со остатокот од Идлиб, поради што е и стратешко подрачје. Се чини дека режимските сили имаат намера да воспостават чекор-по-чекор контрола со населување во овој регион и добивање огнена моќ на линиите што се протегаат на северот од Идлиб. Исто така, имаат намера да воспостават целосна доминација по должината на логистичката линија М4 и да ги контролираат главните патишта од Алепо до Латакија-Тартус на оската исток-запад.

Како и секогаш, цената за овие амбициозни планови на режимот и неговите сојузници ја плаќаат цивилите. Веќе десетици илјади цивили се раселени на север. Со евентуална сеопфатна воена операција, стотици илјади и повеќе цивили би можеле повторно да бидат раселени. Со оглед на можната хуманитарна криза, Турција се обидува да го зголеми своето воено утврдување во регионот и воено да ги одврати режимот и сојузничките елементи. Меѓународната заедница, особено САД, треба да покажат дека нов обид за воена операција ќе има трошоци со притисок врз Русија. Инаку, во Сирија повторно се појави конфликтна почва.

Тоа беше коментарот на Џан АЏУН, истражувачот за надворешна олитика при Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА, за најновата ситуација во Идлиб.



Слични вести