Досие анализа на неделата: Силата на Турција со беспилотните летала (ИХА)

Коментар на проф. д-р Мурат Јешилташ, директор за надворешно-политички истражувања на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања (СЕТА)

1705622
Досие анализа на неделата: Силата на Турција со беспилотните летала (ИХА)
SİHA_Karabağ.jpg
Milli SİHA Bayraktar TB2.jpg
siha.jpg
bayraktar TB2 siha.jpg

Заедно со внесувањето на наоружаното беспилотно летало (ТИХА) „Бајрактар Акинџи“ во инвентарот на Турските вооружени сили (ТВС), Турција ја докажа својата способност и сила со наоружаните беспилотни летала.

Пред се кога ќе се размисли за условите на одбранбената индустрија претставува значаен успех тоа што релативно брзо се завршени процесите за истражување-развивање-тестирање-производство-предавање на наоружаното беспилотно летало „Акинџи“. Згора на тоа и покрај отежнувањето на условите на работа поради пандемијата којашто во последните две години влијае и на технолошкиот сектор, кога ќе се размисли и за другите платформи, во позадината на тоа што Турција постепено е претворена во сила со беспилотни летала (ИХА) како што се „Анка“, „Аксунгур“, „Карајел“ се наоѓаат бројни фактори. Вреди да се набројат еден по еден сите овие фактори.

Првиот фактор, е големата промена којашто се доживува во сферата и политиките на одбранбената индустрија. Во оваа точка од животно значење се донесените одлуки на Извршниот комитет за одбранбената индустрија во 2004 година. Претседателот реџеп Тајјип Ердоган во тој период имаше две основни цели: Да се намали зависноста од надвор и да се зајакне одбранбената индустрија за развивање на домашните и национални можности и способности. Впрочем, во оваа насока беше фрлен стратешки чекор и беа откажани проектите чија вкупна вредност изнесуваше 11 милијарди долари и поголемиот дел се потпираа на набавка од надвор.

На тој начин беше фрлен мошне сериозен чекор во правец на домашните и националните можности. Секако оваа одлука беше комплетирачки дел на потфатот во одбранбената индустрија од 1984 година. Меѓутоа, тоа што согласно нивниот обем стратешките производи за коишто постои потреба ќе напредуваат во опсег на домашноста и националноста, беше од критично значење од аспект на автономноста на одбранбената индустрија на Турција. Овде една друга работа којашто треба да се потцрта е тоа што целта на претседателот Ердоган за намалување на зависноста од надвор и развивање на домашните и националните можности, беше зацврстена со една обемна стратегија. Впрочем во оваа насока беше развиена и една стратешка рамка. Целта беше да се изгради еден воено-одбранбен индустриски комплекс кој ќе го покачи статусот на моќ на Турција, ќе може да развива одговор на безбедносните закани со коишто се соочува и ќе се соочи Турција, а ќе ги намали економските трошоци. Во оваа насока во последните 20 години беше поминат доста долг пат.

Вториот фактор пак, се потресувачките случувања коишто се доживуваат во последните 10 години во безбедносната средина на Турција. Во оваа точка треба да се потцртат безбедносните ризици коишто се појавија заедно со сириската криза. Сириската криза по себе го донесе разноликувањето на асиметричните закани насочени против Турција, на чело со тероризмот. Разноликоста којашто се доживува во вооружените групи ја зголеми потребата од беспилотни летала (ИХА) во спречувачките прекугранични воени операции. Особено способностите како што се собирање на разузнавачки информации, воспоставување на воздушна надвласт (доминација), уништување на целта со умни муниции, ја зголемија ефикасноста на вооружените сили во воените операции и го издигнаа до највисока точка оперативниот успех. И покрај тоа што судирите во Сирија, Либија и Нагорно Карабах располагаат со различни карактеристики, турските беспилотни летала (ИХА) постигнаа висок перформанс. Стратешките предности коишто ги обезбедуваат беспилотните летала (ИХА) во минимализирањето на тероризмот, обезбедија можност вооружените сили да можат да постигнат поголем успех, да се одржат повеќе на теренот во северниот дел на Ирак и да добијат надвласт (доминација) на теренот. Интензивноста на операциите во различни средини на судир во периодот помеѓу 2016-2021 година ја издигнаа до највисока точка способноста на турските беспилотни летала (ИХА) за вистинско војување.

Во овие рамки, позначајно од тоа пак, се тактичките и оперативните способности стекнати од средината на судири со повратни информации да бидат набрзина адаптирани технолошкиот развој и новите додатоци. Крајно критично е овој процес да функционира на здрав начин. Извлечените лекции од судирите обезбедуваат да бидат утврдени потребите во развивањето на посовремени платформи и на тој начин се постигнува највисокиот перформанс. Наоружаните беспилотни летала „Бајрактар ТБ2“ кои во месец февруари 2020 година беа користени во ист момент без заедничка команда им нанесоа тешки загуби на милициските сили лојални на Асад. Впрочем, ова искуство послужи како извор за развивање на други различни тактики во судирите во Либија и Нагорно Карабах.

Претворањето на Турција во сила со беспилотни летала (ИХА) не е ограничено и со факторите коишто ги наведовме. Треба да го кажеме и тоа дека убедувачки за набавувачите е и тоа што турските беспилотни летала (ИХА) се стекнаа со предност со нивната цена, односно нивната поволна цена, политичката флексибилност со којашто располага Влада и успесите коишто ги доловија нивните сопствени вооружени сили, т.е. Турските вооружени сили (ТВС) со беспилотните летала (ИХА).

Коментар на проф. д-р Мурат Јешилташ, директор за надворешно-политички истражувања на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања (СЕТА)...

 



Слични вести