Досие анализа на неделата: Вториот талибански период

Коментар на проф. д-р Мурат Јешилташ, директор за безбедносни истражувања на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања (СЕТА)

1698351
Досие анализа на неделата: Вториот талибански период

Воспоставувањето на контролата од страна на Талибанците во Авганистан  на доста брз начин, побрзо од онашто се очекуваше, стана изненадување за сите.

По постигнатиот договор помеѓу САД и Талибанците во март 2020 година, напредувањето на Талибан ионака беше доста забрзано. Заедно со тоа што администрацијата на Бајден во однос на повлекувањето на САД од Авганистан на ист начин ја прифати политиката во периодот на неговиот претходник Трамп, олесна уште повеќе и раката на Талибан. Повлекувањето на уште поран датум на одлуката на повлекување од страна на Бајден пак, само по себе го донесе и тоа Талибан на полесен начин да го заземе главниот град на Авганистан, Кабул. Заедно со заземањето на Кабул авганистанската Влада официјално падна и се распадна Националната армија на Авганистан. Сега пред нас се наоѓа еден нов Авганистан под контрола на Талибан.

Прашање чиј одговор се бара најмногу пак, е каков Авганистан ќе се појави во вториот период на Талибан?

Пред нас се наоѓаат три сценарија. Првото сценарио е Талибан да формира инклузивна (сеопфатна) Влада. Една ваква Влада во која ќе земат учество различни етнички и верски групи и претставници на поранешната Влада, би можела да овозможи Талиан полесно да управува со земјата и да ја добие поддршката на меѓународната заедница. Во ова сценарио, значајните министерства како што се одбраната, разузнавањето и економијата би можеле да бидат кај Талибанците, а останатите така да се каже министерства со помало значење би можеле да бидат распределени меѓу групите надвор од Талибан. Меѓутоа, умереното сценарио не е ограничено само со тоа како ќе се формира новата Влада. И прашањето како ќе се применуваат шериатските правила е од крајно големо значење како ќе се реализира ова умерено сценарио. Во досега дадените изјави Талибан дава позитивни пораки во врска со учеството на жените во општествениот живот и истите овие пораки ќе треба да ги дава и по 31 август и ќе треба да се одразат и на нивните применувања во дело. Впрочем и бројни меѓународни актери иако го поддржуваат ова сценарио соопштија дека значајно е како ќе постапува и ќе делува Талибан на дело.

Второто сценарио, се состои од ставање во примена на апсолутната власт на Талибан. При евентуално вакво сценарио, Талибанците наместо да ја споделат власта ќе посакаат целата структура да ја стават под сопствена контрола и целосно да ја воспостават контролата во Авганистан. Тоа истовремено значи поригорозно, построго применување и на шериатските правила и ставањето под контролата на целото општество. При ова сценарио постои можност од среќавање со построга талибанска управа во сфери како што се безбедноста, економијата и општествениот живот.  

Третото сценарио, е ставањето во примена на режим на страв којшто ќе се потпира на насилство. Талибан во периодот 1996-2001 година применуваше строги правила и воспостави режим со којшто го зеде под притисок и воспостави контрола врз целото општество, така да се знае дека Талибан располага со искуство на еднва таква власт. Евентуалното насилство и притисок со режимот на Талибан што ќе се формира, несомнено доста ќе ја ослаби раката на Талибан, ѝ внатре во земјата, ѝ надвор. Меѓутоа, кога ќе се размисли дека Талибан не е единствена структура, иако се даваат умерени пораки во случај на создавање на несогласување или појава на разлики во ставовите меѓу верското, политичкото и военото крило, би можела да се појави практика на власт во чиј центар ќе се најдат насилството и притисокот. Едно вакво сценарио истовремено би можело да стане причина за појава и на локални бунтови против Талибан во различни области на земјата.

Каква власт ќе формираат Талибанците е доста значајно од аспект на иднината на Авганистан. Формирањето на еден целосно затворен режим би можело уште повеќе да ги продлабочи присутните проблеми во Авганистан. Според извештаите на Обединетите нации (ОН), 10 милиони деца во земјата се соочуваат со опасност од глад, додека 14 милиони луѓе располагаат со сериозни проблеми во врска со безбедноста на храната. Тоа изнесува една третина од населението на Авганистан.

Без оглед на тоа каква власт ќе формираат Талибанците, пред нив се наоѓаат различни комплицирани проблеми. Така, решавањето на сите тие проблеми и управувањето со Авганистан од страна на Талибан е поврзано само со остварувањето на умереното сценарио. Во спротивност, Авганистан би можел да се соочи со уште покрвава граѓанска војна.

Коментар напроф. д-р Мурат Јешилташ, директор за безбедносни истражувања на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања (СЕТА)



Слични вести