Досие анализа на неделата: Политичката криза во Тунис

Коментар на проф. д-р Мурат Јешилташ, директор за безбедносни истражувања на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања (СЕТА)

1682450
Досие анализа на неделата: Политичката криза во Тунис

Тунис, единствената демократија која остана назад од Арапските револуции, влезе во длабока криза.

Тунискиот претседател Кајс Саид во недела вечер соопшти дека ги замрзнува за еден месец сите надлежности на Собранието, го суспендира имунитетот на пратениците, го разрешува од должност актуелниот премиер Хишам ал-Мешиши и дека ќе ја преземе власта со премиер кој ќе го назначи самиот.

Всушност јасно се гледаше дека доаѓа најсериозната криза којашто се доживува во оваа земја од „Јасмин револуцијата“ во 2011 година, досега. Поради епидемијата на коронавирусот, влошувањето на јавните услуги, невработеноста и тврдењата за корупција од месец јануари наваму се одржуваа протести во градовите низ Тунис. Исто така од месец јануари досега се доживуваше интензивно недоразбирање помеѓу претседателот Кајс Саид и премиерот Хишам ал-Мешиши. Претседателот Саид не го одобруваше наименувањето на 11 министри во Владата, вклучувајќи го и министерот за внатрешни работи.

Тунискиот претседател Кајс Саид кој беше избран за претседател во 2019 година во вториот круг од гласањето, е професор по право. Како име кое влезе во политиката од надвор е познат по неговата антинастроеност кон политичките партии. Претседателот Саид кој ја критикува репрезентативната политика и гледа топло на идејата за директна демократија, покажува популистички карактеристики. Контактира со масите кои се поплакуваат поради тоа што парламентарниот систем од револуцијата од 2011 година досега не може да изнајде решение за присутните проблеми.

Беа извршени напади врз канцелариите на Ал Нахда, најголемата партија во Собранието. Сега пак, претседателот Кајс Саид ја замрзна законодавната власт и ги презеде сите надлежностите на извршната и судската власт. Саид кој овој пуч го изврши со поддршка на армијата се гледа дека ќе биде многу тешко да изнајде решение за политичките и економските проблеми на Тунис. Веројатно, инспириран од извршениот воен удар од страна на Абдулфетах ес-Сиси во Египет во 2013 година,  мисли дека ќе пристигнат пари од Заливските земји. Се знае дека Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) веќе извесно време како се активни во Тунис. Од тој поглед, постои можност од соочување со нов потег на статус кво на Заливот.

Претседателот на Собранието на Тунис и лидер на Ал Нахда Рашид Гануши, донесените одлуки од страна на претседателот Кајс Саид ги окарактеризира како „обид за пуч против револуцијата и уставот“ и го повика тунискиот народ да се спротивнстави на овој државен удар. Слабата десетгодишна демократија на Тунис влезе во процес на сериозен испит. Извршениот удар од страна на претседателот Саид врз политиката не укажува само на политичката криза во Тунис како земја која се смета за единствена демократија во арапскиот свет. Истовремено носи опасност да стави крај на најуспешниот пример на искуството за усогласување на исламистите со  демократијата во арапскиот свет. Генералот пучист во Либија Халифа Хафтар претпочита извршениот државен удар на 25 јули во Тунис да го поврзе со прашањето со Муслимански браќа.

Ал Нахда и Рашид Гануши во последните десет години водеа урамнотежена политика. Понекогаш не истакнувајќи свој кандидат, понекогаш со коалицирање со левичарските и либералните партии направија отстапки пред лаичките средини. Дури во 2016 година соопштија дека „во Тунис нема место за политичкиот ислам“ и  дека себе си се оценуваат како „муслимани демократи“.

На 10-от конгрес на Движењето Нахда е соопштена одлуката дека „поканата“ и „политиката“, односно верското организирање и партијата, се одделени.

Оваа последна криза, освен за демократијата на Тунис претставува силен испит, т.е. силно искушение и за Ал Нахда и Рашид Гануши. Официјална Анкара, застанувајќи против „извршениот удар врз уставниот поредок“ посака што поскоро да биде повторно воспоставена демократијата. Западните главни градови пак, се безгласни. Уште еднаш претпочитаа да гледат кон конкретните интереси, а не кон вредностите, односно демократијата.

Наредните недели се крајно критични за иднината на Тунис и на регионот на Северна Африка.

Единственото решение пак, е застанувајќи во одбрана на демократијата да се создаде политичка клима којашто ќе ја воспостави стабилноста.

 

Коментар на проф. д-р Мурат Јешилташ, директор за безбедносни истражувања на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања (СЕТА)



Слични вести