Различни аршини при дефинирањето на тероризмот

Чиј интерес штитат македонските власти?

1678645
Различни аршини при дефинирањето на тероризмот

 

Современиот свет е исправен пред бројни закани и ризици со кои се загрозува безбедноста на поединецот, нацијата и светот воопшто. Една од континуираните закани за современата безбедност претставува тероризмот. Денес, тероризмот се појавува во разновидни облици и се остварува од различно мотивирани терористи. Последиците од тероризмот ги чувствуваат подеднакво како сиромашните и неразвиени држави, така и најразвиените и моќни држави. Едноставно, не постои безбедносна имунизација од терористички акти. Секојдневно сме сведоци на извоз на тероризам.

Тероризмот денес стана социо-политичко прашање број еден, бидејќи неговиот опсег има глобално значење. Само обединети, со покажување на емпатија, сите заедно можеме да го издржиме тероризмот. Но дали е тоа така? Дали сите земји во светот исто гледаат и го третираат ова зло: Очигледно не: Се уште е во сеќавање терористичкиот чин извршен врз карикатуристите или новинарите на хумористичното француско списание Шарли Ебдо во Парис. Во кој загинаа само неколкумина припадници на ова списание. Но овој немил настан беше осуден од целиот свет. Речиси сите светски лидери дојдоа во Парис и рака под рака заеднички маршираа како реакција кон тероризмот, кој најчесто не бира ниту пол, ниту возраст, ниту пак националност или религија.

Но целиот свет се уште се грози пред грозоморните егзекуции од страна на терористичката организација Исламска држава на Ирак и Левант (ИСИЛ), позната и како Исламска држава на Ирак и Сирија (ИСИС) кои се извршуваа врз недолжни луѓе на Блискиот Исток, и тоа пред очите на целата светска јавност. Но дали се сеќава некој, барем во “Цивилизираниот свет“ дека протестираше против овие злосторства извршени од страна на припадниците на оваа терористичка организација, која се роди под крилјата на истите држави чии лидери во Парис, рака под рака маршираа за Шарли Ебдо. Можам да посочам уште многу други еклатантни примери за тоа кога е во прашање тероризмот, дека меѓународната заедница за жал, непокажува изедначен критериум при осудата на ова меѓународно зло. Се повеќе на израз доаѓа лицемерието или нашки кажано, дуплиот стандард во осудата како и постапувањето против ова денес веќе светско зло.

За жал и нашата држава со својата лицемерна политика се наоѓа на истата листа на земји, кои тероризмот го делат на твој и мој. Посликовито кажано ако тероризмот се случува во туѓ двор, не не засега баш. Но ако се случи кај нас, тогаш “викаме на сиот глас”, кукајќи и плачејќи дека светот треба да има разбирање кон преземените мерки за идентификација и приведување на извршителите на терористичкиот чин. Пример ли сакате? Да потсетам на почетокот на две илјадите кога кај нас се случи македонско-албанскиот судир. Веднаш по испуканиот прв куршум од страна на албанските милитанти, со право или не, целата политичка номенклатура, како и целокупниот печат и медиумите во Македонија, Албанците ги нарекоа терористи.

Исто карактеристичен е и случајот од 27 април, односно упадот во македонското собрание. Кога без размислување, овој упад се окарактеризира како терористичко загрозување. Впрочем денес многумина од учесниците во тој упад во собранието, лежат во затвор осудени, со право или не, со оваа квалификација. Или распишување на потерница и барање за врачување на бегалците Никола Бошковски, Горан Груевски (високи функционери во поранешната УБК) како и поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и тоа со право.

Но за жал, Македонија не постапува исто по барањето на турските власти кои во изминативе четири години бараат да се депортираат од Македонија, група припадници на терористичката организација на лажниот проповедник Фетуллах Ѓулен. За дел од нив се бара екстрадиција во Турција, додека пак за останатиот дел се бара да се депортираат од Македонија. Но еве четири години македонските власти на овие барања на турските органи го даваат истиот одговор. Демек ги дриблаат.

Нема паметен човек во оваа земја кој може да го образложи ваквиот однос на македонските власти кон ова оправдано барање на Анкара. Се прашувам која е користа на државата да штити грст луѓе кои се органско поврзани со организацијата на наводниот проповедник, чии приврзаници долги години, работејќи систематски на најперфиден начин се инфилтрираа во сите инстанци на турската држава и кои на крајот завршија со неуспешен обид за преврат во кој загинаа повеќе од 250 недолжни цивили. Со право се поставува прашањето: „Чиј интерес штитат македонските власти?“ - одбивајќи овие припадници на оваа терористичка организација да ги екстрадира на Анкара. Организација која со авиони и ракети безмилосно го бомбадираше Големото Турско Народно Собрание, во моментот кога пратениците беа внатре и оддржуваа седница (класичен терористички чин). Турција очекува од Македонија да ѝ бидат испорачани 86 лица, турски државјани, кои се осомничени за поврзаност со движењето на проповедникот Фетулах Ѓулен, кого Анкара го смета за организатор на обидот за државен удар во земјата пред пет години.

Автор на програмата е Ремзи Џанова, новинар во Скопје.



Слични вести