Денеска муслиманскиот свет го слави Курбан Бајрам

Курбан Бајрам се слави во текот на четири дена и курбанот, жртвеното животно, купено со алал пари се коле со мисла да се простат гревовите, но и затоа што тоа го наредува Аллах џ.ш.

1677599
Денеска муслиманскиот свет го слави Курбан Бајрам

Денеска, муслиманскиот свет го слави верскиот празник Курбан Бајрам.

Пејгамберот (Божјиот пратеник) Ибрахим го молел севишниот Аллах да му подари син и се заколнал дека доколку му се исполни желбата ќе му го жртвува најмилото. По одредено време добил син и почнал да сонува дека треба да го исполни даденото ветување кон Аллах. За да го исполни ветувањето и да ја докаже својата љубов кон Аллах Хазрети Ибрахим во моментот кога сакал да го жртвува својот син Исмаил од страна на Аллах му бил испратен овен и го жртвувал, односно заклал овенот. За муслиманите е од големо значење да се коле жртвено животно курбан, а со цел да се добие Аллаховата волја.

Курбанот, жртвеното животно, купено со алал пари се коле со мисла да се простат гревовите, но и затоа што тоа го наредува Аллах. Курбан Бајрам се слави во текот на четири дена. Еден дел од местото на курбанот се остава на домаќините, еден дел им се раздава на сиромашните и соседите, а еден дел се одвојува за гостите кои ќе дојдат на посета за време на Бајрам. За време на Курбан Бајрам се посетуваат возрасните, роднините, пријателите и соседите, се помируваат скараните, на децата им се подаруваат пари и бонбони и се посетуваат гробовите на починатите.

Честит Курбан Бајрам на сите муслимани во светот, со желба за крај на судирите, масакрите, омразата и гневот во целиот свет, и со надеж за мир спокојство, слога и подобро утро.



Слични вести