Досие анализа на неделата: По поминати 5 години од 15 јули 2016 година

Коментар на проф. д-р Мурат Јешилташ, директор за безбедносни истражувања на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања (СЕТА)

1676047
Досие анализа на неделата: По поминати 5 години од 15 јули 2016 година

Поминаа пет години од обидот за воен удар на 15 јули 2016 година организиран од страна на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) за соборување на власта и воспоставување на контролата врз Турција, но кој резултираше со неуспех.

Постојат бројни причини коишто обезбедија обидот за пуч да биде неуспешен. Најзначајната меѓу овие причини пак, е храбриот став на народот со кој застана во одбрана на турската демократија. И политиката која зазеде јасен став против пучот се наоѓа меѓу најзначајните фактори во точката на спречување на пучот. Општествениот и политичкиот став против обидот за пуч овозможи да зајакнат демократската и општествената издржливост на Турција. По изминати 5 години уште подобро се подразбира што значи 15 јули.

По изминати 5 години се доживеани значајни случувања во внатрешната и надворешната политика на Турција. Успешно се одвива процесот на исчистување на елементите на ФЕТО. Голем број припадници на ФЕТО кои беа инфилтрирани во критичните институции на државата и се криеја, или беа оддалечени или беа изнесени пред суд. Во тие рамки, беа утврдени голем број припадници на ФЕТО кои беа оддалечени од Турските вооружени сили (ТВС) и беа намалени ризиците со коишто би можела да се соочи армијата во период кога се реализираат критични операции. Слична чистка беше направена и во институциите кои реализираат ефикасен метод во безбедносната сфера, во борбата против тероризмот, како што се полицијата и разузнавањето.

Најголемиот успех по 15 јули пак, се појави со реализираните реформи во безбедносната сфера. Во тие рамки, Командите на жандармеријата и на крајбрежната стража беа приклучени кон Министерството за внатрешни работи, беше промената улогата на началникот на Генералштабот врз командантите на родовите и беше изнесено повеќе на преден план Министерството за национална одбрана. Првиот резултат од исчистувањето на безбедносната бирократија од ФЕТО и од реформата во безбедносната сфера, беше доживеан во борбата против тероризмот. Во тие рамки, беше ставена во примена поефикасна стратегија против сепаратистичко-терористичката оганизација ПКК, во северниот дел на Сирија беше започната операцијата Еуфратски штит против ДЕАШ и минимализирајќи го просторот на делување и на двете терористички организации, овие подрачја беа исчистени од тероризмот. Во овој процес, и новата стратегија за борба против тероризмот којашто беше применувана против ПКК која пак се обидуваше наново да се стационира во Ирак, на успешен начин го ограничи тамошното влијание на организацијата. Реализираните реформи во оваа сфера, обезбедувајќи да биде ставена во примена една нова политичка стратегија овозможи Турција да биде поефикасна во однос на критични надворешно политички прашања како што се Либија, Сирија, Ирак, Нагорно Карабах и Источниот Медитеран.  

Во надворешната политика пак, 15 јули речиси стана причина на прекршување. Најзначајниот чекор по 15 јули беше фрлен во Сирија. Со реализација на операцијата Еуфратски штит Турција го исчисти ДЕАШ од своите граници и ја доведе ПКК во состојба да не може да делува во западниот дел на реката Еуфрат. И со операцијата Малсиново гранче која беше започната во јануари 2018 година ПКК беше извадена од подрачјето на Африн. На тој начин Турција почна да одигрува поактивна улога во сириската криза.

Во октомври 2019 година со операцијата Извор на мирот Турција ја постави на цел ПКК и во источниот дел на реката Еуфрат, со што успеа да ја спречи оваа терористичка организација да делува активно во Сирија и да формира таканаречена држава во северниот дел на Сирија. Турција презеде иницијатива и за ршавање на кризата во подрачјето на градот Идлиб и во март 2020 година му нанесе тежок удар на сирискиот режим. Сиве овие воени операции обезбедија Турција да биде поефикасна на дипломатската маса, по 15 јули.

Една друга сфера којашто е најзначајна во оваа активност е Либија. Турција која во либиската криза уште од 2011 година ги избира дипломатските методи, ја поддржуваше Владата на национално единство против Хафтар кој инаку се обидува да ја собори Владата во Триполи чија пак легитимност е призната од страна на Обединетите нации (ОН) на 4 јули 2019 година. Во тие рамки, потпишувајќи договор со Владата на национално единство спречи Триполи да премине во рацете на силите на Хафтар. Потоа обезбедувајќи Хафтар да се повлече, овозможи да започне нов период во Либија. Воедно и со поддршката на Азербејџан во 2020 година по прашањето на Нагорно Карабах, обезбеди Ерменија да се повлече од овие територии. Турција, речиси во сите овие регионални прашања презентираше дипломатски активен и воено инволвирачки став.

По изминати 5 години која ќе се погледне повторно кон 15 јули се подразбира дека од секој аспект постои историско прекршување за Турција.

 

Коментар напроф. д-р Мурат Јешилташ, директор за безбедносни истражувања на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања (СЕТА)

 



Слични вести