Досие анализа на неделата: Лидерскиот самит на ЕУ и Турција

Коментар на проф. д-р Мурат Јешилташ, директор за безбедносни истражувања на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања (СЕТА)

1668401
Досие анализа на неделата: Лидерскиот самит на ЕУ и Турција

Лидерите на земјите членки на Европската унија (ЕУ) на крајот на месец јуни реализираа уште еден состанок на високо ниво. Состанокот уследи по една интензивна дипломатска програма во текот на месецот.

Заедно со одржувањето на самитите на Г-7, НАТО и САД-ЕУ во месец јуни 2021 година, добија нов интензитет и трансатлантските односи во периодот на претседателскиот мандат на американскиот претседател Џо Бајден. Засега не се свртени наопаку разорните влијанија на наследството на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, меѓутоа Вашингтон покажа нова желба за да работи со своите сојузници на европскиот континент.

Во Европа постоеја испомешани чувства по прашањето на зајакнувањето на соработката со Вашингтон особено во безбедносните и надворешно политичките сфери. Се согледува дека досегашните напори на Бајден не се доволни за повторно воспоставување на довербата и солидарноста по негативното наследство од претседателскиот мандат на Трамп и пандемијата на Ковид-19.

Некои дискутабилни прашања како што се тоа каква врска ќе се воспостави со Кина, каков став ќе се презентира по прашањето на Русија и економската соработка и координација за опоравување по коронавирусот, се гледа како да се одложени за зачувување на позитивната атмосфера во трансатлантските односи.

Последниот лидерски самит не вети било каков конструктивен чекор за Турција. И навистина самитот стана големо разочарување за Анкара која се подготвува за повторно заживување на односите со Брисел. Дискурсот за позитивна агенда со Турција не резултира со конкретни резултати. За голем број лица во Турција стои отворено дека таканаречената „позитивна агенда“ всушност е неискрена и дека се искористува за да ги содржи само личните напори на Анкара.

Во завршната декларација во врска со Турција зазедоа место девет членови, во ниту еден од овие членови од Турција не се говори како за земја кандидат. Не беа фрлени конкретни чекори за искачување на подобро ниво на односите со Турција, па дури дијалогот со Турција е обусловен со одредени услови.

Во завршната декларација се говори за помош за сириските бегалци, меѓутоа миграциската соработка не е чекор специфичен за Турција. И покрај „позитивната агенда“ којашто трае девет месеци не се преземени конкретни чекори во правец на нормализација на односите со Турција. Меѓу ветувањата на Европа зазедоа место следните: Визната либерализација, модернизацијата т.е. ажурирањето на Царинската унија, повторното заживување на пристапниот процес, подобрата координација и соработката во одбраната и надворешната политика.

Тоа што се говореше за позитивна агенда освен официјалните актери ги возбуди поддржувачите на агендата со Европската унија (ЕУ) кај граѓанските организации. Овој кус период на оптимизам поради постојаното одложување од страна на Европската унија (ЕУ) брзо се претвора во разочарување.  Некои земји членки на Европската унија (ЕУ) би можеле да се задоволни од нарушувањето на односите меѓу Унијата и Турција, меѓутоа продолжувањето на негативниот безизлез ќе го ослабе и долгорочниот стратешки став на Европската унија (ЕУ). По неправедните одлуки на европските лидери во врска со Турција, ќе добијат уште поголема основа и потпора скептичните и критикувачки гласови во Турција против Европа.

Официјалниот став во Турција е во правец на тоа дека „позитивната агенда“ на Европската унија (ЕУ) во врска со Турција е „неискрена“. Тоа, во споредба со пред шест месеци кога почнаа да се појавуваат надежи во хоризонтот, уште повеќе ќе го отежне приодот за соработување во Турција во односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ).

Оние кои имаат полза од овој неискрен приод се туркофобичните средини во Европа и европскиот скептицизам во Турција којшто се проширува.

Лидерите на Европската унија (ЕУ) треба да престанат да се кријат зад тврдењата на Грците и кипарските Грци, коишто се изнесуваат како изговор за задоцнување во подобрувањето на односите со Турција. Затоа доверливоста на „позитивната агенда“ е во опасност. Доколку продолжи овој неискрен официјален став, Анкара и во поширока смисла турската јавност, би можеле да ги изгубат заинтересираноста и ентузијазмот кон дијалог и развивање на соработката со Европската унија (ЕУ).

 

Коментар на проф. д-р Мурат Јешилташ, директор за безбедносни истражувања на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања (СЕТА)



Слични вести