Конфликтот меѓу пешмергите и ПКК ја повлекува и Сирија

Коментар на истражувачот за надворешна политика Џан Аџун при Фондација за политички, економски и општествени истражувања (СЕТА

1664694
Конфликтот меѓу пешмергите и ПКК ја повлекува и Сирија

 

Додека од време на време продолжуваше конфликтот меѓу пешмергите и ПКК, кој започна по воените операции на Турција на северот на Ирак, борбата за моќ меѓу страните започна да ја повлекува и опфаќа и Сирија. Заедно со изјавите на таканаречените лидери на ПЈД/ЈПГ насочени кон Демократската партија на Курдите (КДП), водачите на КДП возвратија и со нагласување дека ПЈД/ЈПГ е сириско структурирање на терористичката организација ПКК. Сега, исто така е затворен граничниот премин Фишхабур/Семалке, а претставниците на ПЈД/ЈПГ во Ербил се уапсени. Затворени се канцелариите на К24 во областа под контрола на терористичката организација ПКК во Сирија.

Додека Турција ги продолжува своите големи воени операции против терористичката организација ПКК на северот на Ирак, Националната разузнавачка служба (МИТ) продолжува да ги неутрализира таканаречените имиња на високи нивоа и теренски команданти на организацијата со прецизни операции. Додека организацијата сè уште е изолирана во регионите што ги контролира, со логистичката поддршка на пешмергите и зголемениот воен притисок на Турција, таа влезе во стратешки ќорсокак. Организацијата, која смета дека е во опасност од преживување, дејствува неконтролирано во паника и ги напаѓа силите на пешмергите. Од една страна, раководството на КЏК (Унијата на курдски заедници) објавува тешки изјави насочени кон КДП и се обидува да се создаде атмосфера на притисок врз КДП преку мобилизирање на курдската јавност и сродните невладини организации и политички елементи кои ја поддржуваат ПКК. Последен пат, елементите организирани во Европа се обидоа да дејствуваат како жив штит на ПКК со доаѓањето во регионот, но Регионалната  управа на северот на Ирак, со отстранување (депортирање) на овие елементи, го оневозможи успехот на овој обид.

Оваа тековна борба за моќ меѓу КДП и терористичката организација ПКК се очекуваше да ја опфати и Сирија. Претходно, група на ЈПГ нападна една караула на пешмергите на граничната линија и ја зазедоа за кратко време. Повторно беа запалени канцелариите на Курдскиот национален совет (ЕНКС), кој е познат со блискоста со КДП и беше откриено дека во позадината на овој напад се крие младинската организација на ПКК. Но, сега, во време кога ескалираат конфликтите и борбата за моќ, затворен е граничниот премин Фишабур/Семалка, кој директно ги поврзува двата региона. Меѓудругото, лицата кои беа претставници на ПЈД/ЈПГ во Регионалната управа на северот на Ирак, беа приведени и уапсени во Ербил. Од друга страна, ПЈД/ЈПГ одговори со затворање на канцелариите на K24, органот за медиуми на Регионалната управа на северот на Ирак и блокирање на неговите активности за известување. Покрај тоа, беа организирани многу мали демонстрации за поддршка на терористичката организација ПКК и за осуда на КДП во региони како што се Камишли и Ајн ал-Араб.

Вклучувањето на ПЈД/ЈПГ во Сирија во конфликтот и борбата за моќ меѓу пешмергите и терористичката организација ПКК претставува јасен пример дека оваа структура е сириска фракција и организација на ПКК, додека борбата против ПКК на териториите на Регионалната управа на северот на Ирак и КДП, треба да го опфати и сирискиот терен. Раководството на КДП, искористувајќи го слабеењето на Регионалната управа на северот на Ирак, воените операции на ТВС и притисокот врз организацијата треба да ги види како можност да се бори против терористичката организација која во регионот се шири како болеста рак. КДП и пешмергите сега ја искористија историската можност да ја поддржат Турција и да се ослободат од оваа терористичка организација со директно учество во воените операции на повистински начин. Доколку не ја искористат оваа можност, ќе продолжат да се соочуваат со оваа терористичка организација и да ја плаќаат цената.

Тоа беше коментарот на истражувачот за надворешна политика Џан Аџун при Фондација за политички, економски и општествени истражувања (СЕТА).



Слични вести