Што значи нападот на ПКК врз пешмергите?

Сите индикации јасно покажуваат дека ПКК е насочена против силите на пешмергите

1656111
Што значи нападот на ПКК врз пешмергите?

 

Во време кога Турција ја интензивира својата борба против тероризмот во северен Ирак, се гледа дека терористичката организација ПКК започна директно да ги таргетира пешмергите, воените сили на Регионалната управа на ирачките Курди. Во последните терористички напади, 7 пешмерги ги загубија животите и голем број беа повредени. Во Регионалната управа на ирачките Курди владее голем бес против терористичката организација ПКК.

Додека зголемената тензија помеѓу воените сили на Регионалната управа на ирачките Курди и терористичката организација ПКК во северниот дел на Ирак од време на време се претвораа во судири, со нападот на ПКК врз пешмергите – приврзаните  сили на Зеравани во регионот Амеди во Духок уште повеќе се зголеми. Во последниот терористички напад, 6 пешмерги ги загубија животите и голем број беа повредени. После тоа, еден пешмерге го загуби животот на друга локација. Додека големата загуба како резултат на овие напади предизвика голема огорченост кај целата Регионална управа на ирачките Курди, ПКК прави пропаганда дека не е директно одговорна.

Терористичката организација ПКК во соопштението што го објави тврди дека ги предупредиле пешмергите кои се обиделе да влезат во нивната област во Метина, но дека не ги нападнале. Но, сите индикации јасно покажуваат дека ПКК е насочена против силите на пешмергите. Впрочем официјални претставници на Регионалната управа на ирачките Курди, директно и остро ја обвинија ПКК, вклучително и премиерот Барзани.

Всушност, кога ќе погледнеме малку назад, може да се види дека оваа ескалација доаѓаше чекор по чекор. Зголемените операции на Турција против ПКК во северен Ирак и нејзиното напредување на начин да ја истуркаат ПКК назад од граничната линија и нејзиното стационирање во регионите како што се Хафтанин, Авашин-Басјан и Метина со воспоставување доминација на областа, а исто така поддршката на пешмергите од одредени аспекти на Турските вооружени сили во овој процес, предизвика ПКК да се најде во многу тешка ситуација. Покрај нанесувањето големи загуби, организацијата беше опколена и во регионите што ги контролираше, поради што беше принудена да ги изгуби логистичките линии. Во тој контекст, ПКК се обидува да го заштити своето присуство во регионот со отворено насочување кон пешмергите.

Како последица на овие случувања, терористичката организација го искористи хаосот во регионот за де факто да контролира многу области и дејствуваше без да го признае авторитетот на Регионалната управа на ирачките Курди. Над 700 села беа под директна контрола на ПКК. Тоа беше ситуација што Регионалната управа на ирачките Курди, особено позициите на КДП, не можеа да ја сварат. Но, силното насочување на ТВС во регионот против ПКК, исто така, претставуваше извонредна можност за КДП и конечно, иако со слаб интензитет, ги натера да преземат акција против ПКК,

Можеме да предвидиме дека борбата меѓу пешмергите и ПКК ќе продолжи да се зголемува и во наредниот период и оваа ситуација ќе ја поддржи борбата на Турција против тероризмот.

Тоа беше коментарот на Џан Аџун, истражувач за надворешна политика при Фондацијата за политички, социјални и економски истражувања (СЕТА).



Слични вести