5 јуни, Светски ден на животната средина

Човештвото коешто всушност сфати дека ја пресекува гранката на којашто стои, исто така сфати дека ја нарушува природната рамнотежа на светот којшто инаку може да се обновува себе си

1652079
5 јуни, Светски ден на животната средина

Денеска е 5 јуни, Светски ден на животната средина.

Развојот во сферата на индустријата стана причина природата и животната средина да се загадуваат со човечка рака многу побрзо од порано. Човештвото коешто всушност сфати дека ја пресекува гранката на којашто стои, исто така сфати дека ја нарушува природната рамнотежа на светот којшто инаку може да се обновува себе си.

Со развојот на оваа свест се разви и свеста за животна средина т.е. екологија, за заштита на рамнотежата на природата којашто ја користиме како луѓе. Почнаа да се развиваат умни решенија за рециклирање т.е. преработување на загадувањето од индустриските постројки, моторните возила и секој вид човечки отпад без притоа да и се наштети на природата.

Државите со посредство на меѓународни организации почнаа да развиваат решенија за заштита на светот. Мораме да направиме се што можеме за да би живееле луѓето во една здрава и чиста животна средина.

Со желба еколошкиот поглед т.е. погледот за живот во здрава и чиста животна средина да се прошири насекаде низ нашиот живот ви го честитаме 5 јуни, Светскиот ден на животната средина.  



Слични вести