Досие анализа на неделата: Турските беспилотни летала и наоружани беспилотни летала (ИХА/СИХА)

Коментар на проф. д-р Мурат Јешилташ, директор за безбедносни итсражувања на Фондацијата за полиитчки, економски и општествени истражувања (СЕТА)...

1651453
Досие анализа на неделата: Турските беспилотни летала и наоружани беспилотни летала (ИХА/СИХА)
Milli SİHA Bayraktar TB2.jpg
SİHA_Karabağ.jpg

Постигнатиот договор помеѓу Турција и Полска за продажба на 24 наоружани беспилотни летала (СИХА) „Бајрактар ТБ2“, повторно ги сврте погледите кон Турција. Наоружаните беспилотни летала (СИХА) „Бајрактар ТБ2“ кои претходно им беа продадени на Катар, Либија, Украина и Азербејџан, со овој постигнат договор за прв пат ќе бидат извезени во една земја членка на НАТО и Европската унија (ЕУ). Во позадината на зголемувањето на меѓународната заинтересираност кон турските беспилотни летала и наоружани беспилотни летала (ИХА/СИХА), како и тоа што оваа платформа ја избра и Полска, се наоѓаат одредени причини.

Првенствено, тоа што производите на турската одбранбена индустрија беа ефикасно користени на бојното поле во вистинска војна и притоа дадоа успешни резултати, обезбеди да се преобразат во системи на оружје коишто располагаат со висока конкурентна сила на меѓународниот пазар. По ова прашање пак, на прво место се наоѓаат односно се наоѓаат во водство платформите на турските беспилотни летала и наоружани беспилотни летала (ИХА/СИХА).

Извонредниот успех што го постигнаа турските наоружани беспилотни летала (СИХА) за време на различни средини на конфликт, како Сирија, Либија и како последно во Нагорно Карабах, овозможи меѓународната заинтересораност кон овие системи да го достигне врвот. Руските противвоздушно одбранбени системи за коишто се мислеше дека располагаат со извонредни способности беа неефикасни пред турските наоружани беспилотни летала „Бајрактар ТБ2“. Тоа стана причина за појава на нови дискусии дури и во контекст на доктрините на вооружените сили.

Искуството на платформите на турските беспилотни летала и наоружани беспилотни летала (ИХА и СИХА) стави да знаење и покажа дека овие платформи не само во исполнување на задачи за извидување, набљудување и разузнавање, истовремено би можеле да бидат успешни и ефикасни ѝ во задачи како што се потиснување на системите на противвоздушна ракетна одбрана или неутрализирање на непријателските оклопни единици.

Друго прашање коешто ги доведува во конкурентна состојба производите на турската одбранбена индустрија на меѓународниот пазар, е тоа што пружаат ефективни решенија во производствената цена, т.е. трошоците. Освен тоа што системите за беспилотни летала и неаоружани беспилотни летала од американско производство имаат голема доминација и надвласт, познато е дека овие платформи се поскапи системи коишто се користат од страна на САД. Од друга страна, создава ефект на одвраќање за земјите купувачи и тоа што согласно американските закони постојат сериозни контроли и попречувања во однос на извозот на овие видови платформи. Наспроти тоа, системите на турските беспилотни летала и наоружани беспилотни летала (ИХА/СИХА) пружаат можности за многу попогодно флексибилно купување. Така постигнатиот договор помеѓу Турција и Полска вон продажбата на само едно оружје има потенцијал на создавање и на одредени геополиитчки резултати. Првенствено, тоа што Полска е земја членка на НАТО, освен тоа што ги развива односите меѓу Турција и НАТО, создава влијание коешто го зголемува и духот на соработката во НАТО.

Од друга страна пак, тоа што Русија е земја која исто како Украина се оценува како најголема закана и од страна на Полска, претставува потпора за една друга причина којашто ја прави значајна, ѝ придава важност на оваа продажба. Продажбата на турските наоружани беспилотни летала (СИХА) „Бајрактар ТБ“ по Украина и на Полска е во својство на конкретен потег против политиките на Русија. Во оваа смисла, како зголемувањето така и развојот на способностите на сојузничките земји на Турција кои се соседи со Русија, ќе укаже на тоа дека сферата, односно просторот на делување на Русија и не е толку многу широк. Едно друго прашање на коешто треба да се привлече внимание е и тоа дека и покрај тоа што Русија ја критикува Турција по ова прашање, Анкара ја изоставува од вид оваа критика.

Коментар на проф. д-р Мурат Јешилташ, директор за безбедносни итсражувања на Фондацијата за полиитчки, економски и општествени истражувања (СЕТА)...



Слични вести