29 мај, Ден на освојувањето на Истанбул

Освојувањето на Истанбул од страна на османлискиот султан Фатих Султан Мехмет (Мехмед втори освојувачот) на денешен ден на 29 мај 1453 година, пред точно 568 години го промени текот на светската историја, го затвори средниот век и започна новиот век

1647794
29 мај, Ден на освојувањето на Истанбул

Денеска е 29 мај 2021 година, ден на освојувањето на Истанбул од страна на османлискиот султан Фатих Султан Мехмет (Мехмет втори освојувачот) од рацете на Византија.

На денешен ден на 29 мај 1453 година, пред точно 568 години, Османлиската држава го освои Истанбул и овој единствен град на светот кој се простира на два континенти, Европа и Азија, стана вечна турска татковина.

Освојувањето на Истанбул од страна на османлискиот султан Фатих Султан Мехмет (Мехмед втори освојувачот) пред точно 568 години го промени текот на светската историја

Османлиската Империја своето вистинско ширење и зајакнување го постигна со освојување на византиските територии.

Како резултат на освојувањата кои што беа реализирани, ѝ на териториите на Анадолија, ѝ на териториите на Румелија, Византија стана град-држава која се состоеше само од Истанбул.

Во 1453 година османлискиот султан Фатих Султан Мехмет (Мехмед втори освојувачот) увиде дека тоа што Истанбул се наоѓа во рацете на Византија претставува опасност за безбедноста на Османлиската држава и со голема војска го зеде под опсада Истанбул. За време на опсадата која што траеше долго време технологијата и топовите кои што ги користеше Османлиската војска овозможија на 29 мај 1453 година конечно да биде освоен Истанбул.

Потоа Истанбул стана престолнина на Османлиската Империја.

Освојувањето на Истанбул воедно претставува крај на средниот век и почеток на новиот век.

Овој настан влијаеше длабоко на историјата на светот и истовремено ги поттикна реформите и ренесансата на Запад.

 



Слични вести