Борбата против тероризмот на Турција

Турските вооружени сили (ТВС) продолжуваат со проширување на релевантните операции

1647258
Борбата против тероризмот на Турција

 

Додека продолжуваат операциите „Шепа-молња“ и „Шепа-гром“ што ги започна Турција против стационирањето на терористичката организација ПКК во северен Ирак, досега се неутрализирани скоро 150 терористи. Во летните месеци се очекува Турските вооружени сили (ТВС) да продолжат со проширување на релевантните операции. Додека Турција е насочена кон организацијата низ целата земја, националната разузнавачка служба МИТ со успешните разузнавачки операции го чисти таканаречениот лидерски кадар на организацијата.

Додека Турција се бори против тероризмот во контекст на одбранбената доктрина, долго време беше во дефанзива, овојпат директно и со прекугранични операции се насочи кон терористичката организација ПКК во Ирак и Сирија. Паралелно со притисокот против организацијата низ целата земја и терените на евентуално стационирање, исто така продолжува со истовремени воени операции против терористичката организација и во планинските области. Во тој контекст, додека терористичката организација речиси го загуби капацитетот за преземање акции во Турција, бројот на членовите на организацијата во руралните области се намали на околу 250. Тоа претставува историски успех во борбата против тероризмот. Според изјавата на министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, приклучувањето во организацијата од Турција е сведено скоро на нула. Ова е јасен показател дека на местото на секој член на ПКК кој е неутрализиран и останало празно, не може да биде заменето со нови терористи.

Додека Турција од една страна против терористичката организација ПКК во Ирак и Сирија е насочена со конвенционални методи, Националната разузнавачка служба, користејќи ги своите човечки и технички разузнавачки способности на терен, исто така е во потрага по таканаречените водачи и теренски команданти на ПКК. Со овој нов концепт кој досега беше развиен, беа неутрализирани десетици високи раководители. Конечно, беше неутрализиран и терористот Софи Нуредин, кој беше многу важна личност на ПКК задолжен за теренот во Сирија. На локацијата во Духок близу до Гара, со раузнавања од терен и вооружени беспилотни летала од воздух беа неутрализирани 4 лица на ПКК. Командната и контролната структура на организацијата скоро е уништена, а исто така од витално значење е насочувањето кон овие врвни имиња во смисла на морална мотивација.

Турција во борбата против тероризмот на ПКК достигна многу поуспешно ниво од кога било досега. Турција се наоѓа на огромно ниво во однос на политичката волја и одлучност, како и нивото на достигнатите способности и можности на ТВС и МИТ. Овој успех на Турција се рефлектира и во одбранбената индустрија и нејзините извозни капацитети. Како резултат на сиве овие поволни случувања, беше склучен договор за извоз на турски вооружени беспилотни леталат Бајрактар ТБ2 во Полска, која е земја членка на НАТО и ЕУ, вреден 400 милиони долари. Зад целиот овој успех, лежат системите развиени од Турција кои постојано се тестираат на активното бојно поле.

Тоа беше коментарот на Џан Аџун, истражувач за надворешна политика при Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања (СЕТА).



Слични вести