Досие анализа на неделата: Последниот бран на насилство на Израел во Палестина

Коментар на проф. д-р Мурат Јешилташ, директор за безбедносни истражувања на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања (СЕТА)...

1642889
Досие анализа на неделата: Последниот бран на насилство на Израел во Палестина

Последниот бран на насилство што го реализира Израел во Палестина уште еднаш се покажува себе си во Газа, Ерусалим (Кудс) и на Западниот Брег…

Израел особено со реализираните напади врз Газа во кои животите ги загубија стотици цивили, а илјадници се ранети, се обидува да оствари уште еден циклус. Овој циклус се потпира на една стратегија којашто обезбедува прекривање на окупацијата на Палестина и на сите влијанија предизвикани од оваа окупација, како и сведување на ова прашање само на Газа. Би можело да им се оддели место на бројни фактори во врска со причините на измислената „легитимност“ на којашто се потпира Израел од денот на неговото формирање, во агресивните политики коишто ги спроведува чекор по чекор во процесот на окупација на Палестина. Меѓутоа, меѓу сите нив на преден план се истакнуваат особено три фактори.

Првиот фактор е ефикасното искористување на геноцидот над Евреите (Холокаустот) што беше доживеан за време на Втората светска војна. Впрочем, по геноцидот над Евреите спроведен од страна на Германија антисемитизмот стана табу, и за да не дојде уште еднаш до такво нешто беше создадена голема свесност особено кај европските земји. Меѓутоа, Израел уште од денот на неговото формирање проширувајќи ја содржината на антисемитизмот си создаде себе си и на политиките коишто ги спроведуваше во извесна смисла „легитимитет“. Со тоа Израел дури и најмалото критикување на овие негови политики коишто ги спроведува во Палестина почна да ги внесува во овие рамки и речиси секое критикување на Израел од страна на управата во Тел Авив беше обележано (етикетирано) како антисемитизам.

Интересно е тоа што ова етикетирање на антисемитизам коешто е делумно разбирливо во внатрешната политика на Израел, набрзина беше прифатено и од страна на САД и европските земји и понекогаш ова обележување (етикетирање) или „чувствителност“ понапред од израелските функционери почна да доаѓа од функционерите на пред малку наведените земји. Благодарение на тоа, политиката на Израел за окупација на Палестина и сите применувања на оваа земја во овој процес речиси се дојдени во неоспорна состојба.

Вториот ефикасен фактор во ваквото фрабро постапување на Израел во неговата политика на окупација на Палестина, е безусловната поддршка на САД и влијанието на израелското лоби. Израел, 11 минути по неговото формирање беше признат од страна на САД и уште од самиот почеток ја доби политичката поддршка на САД. Воената поддршка на САД пак, во првата фаза започна постепено и откако беше сфатено дека нема да пристигне некоја поголема реакција од регионалните земји, по 1967 година беше дадена на основа на принципот за „воена надмоќ на Изарел“ во регионот.

Со извојуваната победа на Џо Бајден на изборите, почна да станува збор за едно поразлично очекување во безусловната поддршка на Израел. Впрочем, и покрај тоа што Бајден за време на неговата предизборна кампања соопшти дека ќе даде поддршка на безбедноста на Израел, Тој исто така соопшти дека ќе им придава значење и на меѓународните институции и на човековите права. Меѓутоа, кога ќе се земе во предвид реакцијата којашто управата на Бајден ја дава на агресивните политики на Израел во последно време, отворено се согледува дека западнаа во вода очекувањата по палестинското прашање, по неговиот претходник Доналд Трамп.

Третиот фактор којшто ја подготвува основата за онашто го прави Изарел и влијае во неговото толку храбро однесување во политиките за окупација во Палестина, е поврзан со регионалните рамнотежи и со различните интереси на актерите. Овој фактор е влијателен уште од првата појава на палестинскиот проблем и од водените арапско-израелски војни. На тој начин, Израел како резултат на различните интереси на регионалните земји и неможноста да се делува во хармонија, можеше да ги окупира целосно територииите на Палестина.

Регионалните рамнотежи, особено во последните 10 години се променети во полза на Израел. Згора на тоа, Изарел и не мораше да сноси големи трошоци за оваа промена. Во тој контекст, по соборувањето на режимот на Хосни Мубарак во Египет, Израел почна да чувствува голема загриженост поради можноста од потресување на поредокот од Камп Дејвид. Но по извршениот воен удар во 2013 година и со продолжување разгорувањето на граѓанската војна во Сирија, Израел воздивна. Во борбата за одбрана на  статус кво-промената во регионот соработуваше затскриено  со блокот на статус кво и со влијанието и на поддршката на САД, Израел се стекна со послободно делување во неговата политика на окупација на Палестина.

Одредена промена до којашто би дошло во сиве овие фактори или најмалку во еден од нив, е во својство да влијае и на чекорите коишто ќе ги фрли Израел во иднина во Палестина.

Коментар на проф. д-р Мурат Јешилташ, директор за безбедносни истражувања на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања (СЕТА)...

 



Слични вести