Досие анализа на неделата: Турско-египетската нормализација

Зближувањата меѓу Турција-Израел, Турција-Египет и Турција-Саудиска Арабија веројатно ќе стане повод на Блискиот исток да се појави и еден нов период, а како последно е фрлен нов чекор во потрагите за нормализација помеѓу Турција и Египет

1635820
Досие анализа на неделата: Турско-египетската нормализација

Во последно време голем број земји на Блискиот исток се влезени во потрага по нормализација со земјите со кои доживуваат проблеми и со кои се во интензивна конкуренција.

Овој процес започна најпрвин во периодот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, меѓу Израел и арапските земји. Заедно со доаѓањето на Џо Бајден на власт во Соединетите Американски Држави (САД) е согледано дека нормализацијата во ист момент влијаеше на голем број земји на Блискиот исток. Топлите пораки коишто во изминатите недели беа дадени помеѓу Саудиска Арабија и Иран, го донесоа на ум тоа дека би можело да дојде до омекнување дури и помеѓу овие две значајни ривали во регионот. Турција пак, стана една од земјите кои се наоѓаат најмногу на дневен ред во овој период. Зближувањата меѓу Турција-Израел, Турција-Египет и Турција-Саудиска Арабија веројатно ќе стане повод на Блискиот исток да се појави и еден нов период. Како последно е фрлен нов чекор во потрагите за нормализација помеѓу Турција и Египет. По разговорите помеѓу шефовите за разузнавање и министрите за надворешни работи турска делегација отпатува за Каиро.

Нормализацијата којашто ја води Турција со Египет се вклопува во една поразлична регионална рамнина. Тоа што Соединетите Американски Држави (САД) ја оставија Саудиска Арабија сама во Јемен и постепеното зближување кон нуклеарниот договор со Иран доведе до нови динамики во равенката на моќта на Блискиот исток. Претставникот на Белата куќа за Блискиот исток МакГурк замина во посета на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Египет и Јордан. Тоа се одрази на медиумите дека ќе биде надмината грижата на сојузниците за враќање на Иран кон нуклеарниот договор. Првиот приоритет на Соединетите Американски Држави (САД) на Блискиот исток е да се контролира нуклеарната програма на Иран и Техеран повторно да биде седнат на маса. Од друга страна, заинтересираноста на глобалните актери како што се Русија и Кина кон Блискиот исток со секој поминат ден создава нов предизвик за Соединетите Американски Држави (САД). Во една ваква средина сите регионални актери се обидуваат да ги решат меѓусебните проблеми. И напорите за зближување помеѓу Турција и Египет треба да се прочитат како дел од оваа равенка.

Распределбата на сферите на надлежност во Источниот Медитеран и прашањата со Либија се истакнуваат на преден план како една од најрационалните причини во позадината на зближувањето помеѓу Анкара и Каиро. По започнувањето на процесот на политичка транзиција во Либија, оваа земја би можела да се претвори во заеднички предмет за Египет и Турција. И двете земји се свесни дека заедничкото делување по прашањето на Либија е од стратешко значење за нив. Конкуренцијата во врска со енергетските извори во Источниот Медитеран пак, се виде дека и не е премногу полезно за двете земји. Египет кој потпиша договор со Грција е свесен дека овој договор и не ги исполнува односно не одговара целосно на неговите приоритети. Затоа, соработката со Турција по прашањето на енергијата во Источниот Медитеран ќе значи поголемо профитирање за Египет. Овие две прашања ја сочинуваат најпозитивната агенда и на процесот за нормализација.

Прашањето со Муслимански браќа пак, коешто претставува проблем помеѓу двете земји, засега е оставено настрана. Позначајни регинални геополитички прашања засега ќе го унапредат зближувањето помеѓу двете земји. Нормализацијата помеѓу Египет и Турција располага со потенцијал за намалување на тензијата во регионот, на чело со либиското прашање. Доколку се искористи добро постои можност за намалување на акумулираниот стрес во регионот.

Коментар на проф. д-р Мурат Јешилташ, директор за безбедносни истражувања на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања (СЕТА)



Слични вести