Можно ли е промена на границите на Балканот?

Сегашноста и иднината на Западен Балкан е во помирување, во потесна регионална кооперација, во конечно раскрстување со национализмот и реваншизмот

1635108
Можно ли е промена на границите на Балканот?

 

Одисејата на Македонија на патот кон Европската Унија (ЕУ) за жал се уште со неизвесност трае. Деновиве сме сведоци дека и покрај големиот број на проблеми со кои се соочува македонската држава, може да се види дека се прават напори, прашањето на интеграцијата на Република Северна Македонија со ЕУ, да не падне од политичката агенда. Еден од поводите ова прашање да остане високо на политичка агенда на земјата бездруго е податокот дека во мај и јуни темата проширување ќе биде тежишна за министрите за надворешни работи и за Европа. Тогаш се очекува конечно 'зелено светло' за почеток на пристапните преговори за Северна Македонија и за Албанија“. Иако од некои кругови како во самата Унија така и надвор од неа се прават обиди, прашањето за проширувањето на Унијата да се замагли, а наместо тоа се водат полемики околу некако non-paper (нон-пејпр), кој наводно изготвен од страна на словенечкиот премиер Јанез Јанша и некои други членки на Унијата.

Да потсетиме дека со овој нонпејпр, се предвидува промена на границите на Западен Балкан, поточно во поранешната Југославија и нивната перспектива за пристап кон Европската Унија. Не треба ниту да се потенцира дека поместувањата на границите не решаваат ниеден проблем на Западен Балкан, токму спротивно. Тие би биле крајно опасни и би се заканувале со повторно отворање на посебно конфликтно обременетата Пандорина кутија на Балканот. Навистина не треба да се биде никаков пророк за да се согледа тоа. Сегашноста и иднината на Западен Балкан е во помирување, во потесна регионална кооперација, во конечно раскрстување со национализмот и реваншизмот. Државите од Западен Балкан се и остануваат татковина на мулти религиозни и мултиетнички општества. Тоа е предуслов за мир, просперитет и демократија. За среќа што се јави еден спокој, откако словенечката влада јасно и конкретно се дистанцираше од фантазиите за промена на границите, зошто никој во Европа не може да има интерес за такво нешто.

 Се живее во слободарска демократија и се разбира, никому не му е оспорено правото да иницира дебати со сопствени предлози. Но, тоа не значи дека треба да се смени во нашето недвосмислено одбивање на вакви идеи. Сеќавањата на крвавите балкански војни од 90-те години, кои поранешна Југославија ја претворија во огромно бојно поле, на сите треба да им бидат доволно предупредување. Фантазиите за промена на границите дефинитивно припаѓаат во сандакот на едно поразено минато.

Но да се вратиме на прашањето за отварање на процесот за преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија. Се поставува прашањето, можно ли е тоа? Да потсетам дека Берлинскиот процес се нарекува и чекалница за членство во ЕУ. Можат ли овие земји да се надеваат, во втората половина од годината, под словенечкото претседателство, да бидат постигнати напредоци во проширувањето, кои не можеа да бидат остварени лани за време на германското претседавање. За време на германското претседателство направени се големи напори, не е изоставен ниеден обид. Но, услов за почеток на пристапни преговори со Албанија и со Северна Македонија е постигнување на консензус. А поради блокада од Бугарија, не можеше да се постигне целта. Но тоа никако не треба да се откажуваме! Впрочем на пример, вчера во Советот на министрите за Европа имаше разговор околу сегашната ситуација на Западен Балкан.

Во мај и во јуни темата Западен Балкан, односно проширување ќе биде тежишна на седниците на министрите за надворешни работи и за Европа. Тогаш се очекува конечно „зелено светло“ за почеток на пристапните преговори. Според добиените информации од посетата на министерот за надворешни работи на Македонија Бујар Османи на Германија и неговата средба со неговиот колега Хајко Мас, може да се очекува Германија со сите сили да се заложи на овој план. Од друга страна, ЕУ мора да го одржи својот збор и не смее да го одолговлекува пристапниот процес на долг рок. Но затоа и од страна на Република Северна Македонија и Република Албанија, потребни се позитивни сигнали за регионот! Бидејки, во игра е ставена веродостојноста на ЕУ. А токму изминатите дванаесет месеци покажаа дека ЕУ на Западен Балкан има системски ривали кои ги пополнуваат празниците кои ние се оставаат. Во интерес е на самата Унија е Македонија, од регионот што потесно да се приврзува кон неа.

Автор на програмата е Ремзи Џанова, новинар во Скопје.



Слични вести