Операциите „Шепа-молња“ и „Шепа-гром“

Прифатено е и донесено е агресивно управување со борбата против тероризмот засновано врз целосен притисок врз терористичката организација

1631170
Операциите „Шепа-молња“ и „Шепа-гром“

 

Турција и натаму одлучно продолжува со борбата против тероризмот. Министерството за национална одбрана соопшти дека на северот на Ирак ги започна операциите „Шепа-молња“ и „Шепа-гром“. Претходните очекувања беа фокусирани кон тоа дека со доаѓањето на пролетните и летните месеци, Турција ќе удри силен белег со големите операции особено на северот на Ирак.

Турција решително продолжува со борбата против тероризмот на ПКК како во земјата така и надвор од границите и во областите каде што се наоѓа и е стационирана организацијата, како што се Ирак и Сирија. Прифатено е и донесено е агресивно управување со борбата против тероризмот засновано врз целосен притисок врз терористичката организација. Исто така, гледаме дека оваа стратегија даде сериозни резултати во последните неколку години. Додека капацитетот на дејствување на организацијата во Турција беше минимизиран во голем обем, бројот на членовите на организацијата во руралните области падна под 300.

Сепак, суштинската борба на Турција против терористичката организација ПКК продолжува на оската Ирак-Сирија. Основната стратегија на Турција во врска со постоењето на организацијата во овие региони првенствено се темели на регресијата на терористичката организација од турската гранична линија, окончување на територијалната контрола и контролата на земјата и целосно прекинување на врската и изолирање од линијата Ирак-Сирија. Во тој контекст, Турските вооружени сили (ТВС) започнаа нова воена операција на северот на Ирак врз регионите Метина, Авашин-Басјан. Во контекст на операциите „Шепа-молња“ и „Гром“, Турција се обидува целосно да ја исчисти терористичката организација ПКК од планинските области во северен Ирак. Во операциите каде што истовремено се користат воздушни и копнени сили, специјалните единици и единиците на командосите се спуштени на стратешките ридови во регионот. Можеме да предвидиме дека ТВС ќе ја преземат контролата над доминантните стратешки ридови и потоа ќе воспостави регионални бази. На тој начин, покрај тоа што ќе биде обезбедена безбедноста на турската гранична линија, исто така ќе бидат уништени подрачјата за обука и центрите за команда и контрола на организацијата во регионот. Досега, сегментите на ПКК во регионот не беа во можност да покажат некој сериозен отпор. Додека одбранбените линии на организацијата во регионот во голема мера беа уништени, околу 60 членови на организацијата беа неутрализирани.

По утврдувањето на ТВС во овие региони, исто така можеме да предвидиме дека во текот на 2021 година ќе се изврши голема воена операција кон регионот Гаре на југ и конечно на Кандил. Случувањата во регионот Синџар во Ирак и натаму ќе продолжат да бидат во радарот на Турција. Доколку терористичката организација ПКК не се исчисти со сите свои под-елементи во контекст на договорот постигнат меѓу Багдад и Ербил во овој регион, голема е веројатноста дека ТВС ќе се насочат кон Синџар.

Тоа беше коментарот на Џан Аџун, истражувач за надворешна политика при Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања (СЕТА).



Слични вести