Досие анализа: Воената база Башика

Турција располага со голем број помали и поголеми воени бази во северниот дел на Ирак, но од сите нив како по својата големина, така и од аспект на воената опременост, на преден план се истакнува воената база Башика

1626779
Досие анализа: Воената база Башика

Едновремено реализираните напади врз воената база на Соединетите Американски Држави во градот Ербил и врз воената база на Турција во Башика кај градот Мосул (Мусул) во Ирак, само по себе беа причина погледите повторно да се свртат кон ова подрачје.

Значајно е прашањето зошто цел беше големата воена база на Турција Башика која се наоѓа на 25 километри северно од градот Мосул (Мусул) во Ирак, и кои стојат во позадината на нападот. И тоа особено додека продолжува борбата на Турција против тероризмот во растечки димензии, поготово во подрачјето на Синџар.  

И покрај тоа што Турција располага со голем број помали и поголеми воени бази во северниот дел на Ирак, од сите нив како по својата големина, така и од аспект на воената опременост, на преден план се истакнува воената база Башика. Воедно оваа воена база не располага со критична улога само од аспект на борбата против терористичката организација ПКК, туку истовремено е во услуга и на исчистување на терористичката организација ДЕАШ во Мосул (Мусул) и на стабилноста и рамнотежата којашто треба да се воспостават во подрачјето.

Воената база Башика, долго време беше домаќин и на силите Хашди Ватани кои беа обучени од страна на турските војници, против ДЕАШ. Секако оваа состојба и тоа како ги вознемири некои елементи кои следат секташка политика во подрачјето, а особено радикалните групи кои делуваат во склопот на Хашди Шаби. Поготово во периодот на премиерот Нури ел-Малики со притисокот на елементите блиски со Иран се појавија притисоци и закани Турција да ја напушти оваа база, меѓутоа Турција неземајќи ги во предвид овие приоди водеше преговори со тогашните власти во Багдад, во име на решавање на овој проблем на позитивен начин.

Сега, реализираниот напад врз воената база Башика со ракети, повторно на ум ги донесе елементите Хашди Шаби. И тоа поготово во период кога во последно време се појавија знаци во однос на тоа дека Турција ќе реализира воена операција кон подрачјето на Синџар, со цел исчистување на ова подрачје од терористичката организација ПКК. Кога ќе размислиме дека силите лојални на Хашди Шаби со секој поминат ден се повеќе се стационираат во Синџар и дека спротивно на договорот помеѓу Ербил и Багдад овде соработуваат и со локалните елементи на ПКК, би можеле да видиме дека елементите блиски на Иран, речиси се во вид дејствување кон Турција. На крајот на криштата, Синџар е од стратешко значење за Иран кој ова подрачје го смета како лигистичка оска во име на поврзување со Сирија и не сака да го изгуби ова подрачје, меѓутоа многу и тоа многу голема грешка претставува обидот оваа своја позиција да ја зајакне по пат на соработка со ПКК.

Но и покрај сето тоа, Турција е одлучна да ги исчисти сите подрачја на оската Ирак и Сирија, кадешто терористичката организација ПКК доминира на теренот, а воедно не се воздржува ѝ да го направи неопходното по ова прашање. Слични обиди на групите блиски со Иран имаше и во Сирија и тоа особено во подрачјето на Африн и тоа заврши лошо за нив. Турската армија, освен голем број терористи на ПКК неутрализира и голем број шиитски милициски сили. Сега елементите блиски со Иран ја тестираат Турција во северниот дел на Ирак, поради што би можеле да го предвидеме и тоа дека резултатот од тоа нема да биде добар од аспект на судбината на овие елементи.

 

Коментар на  Џан Аџун, истражувач за надворешна политика на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...



Слични вести