Досие анализа: Турција со наоружаните беспилотни летала (СИХА) ја промени доктрината на војување

Турција која долги години како се соочува со големи предизвици од аспект на нејзината национална безбедност, разви една нова доктрина на војување со наоружани беспилотни летала (СИХА)

1617691
Досие анализа: Турција со наоружаните беспилотни летала (СИХА) ја промени доктрината на војување
Milli SİHA Bayraktar TB2.jpg
SİHA_Karabağ.jpg

На дневниот ред на светскиот печат продолжуваат да се наоѓаат капацитетот на Турција со наоружани беспилотни летала (СИХА)  и успесите коишто се постигнуваат со нив. Искористувањето на наоружаните беспилотни летала (СИХА) развиени од страна на турската одбранбена индустрија кое што започна во Сирија и потоа продолжи во Либија и Карабах, на ефикасен начин со добивање резултат, како нова доктрина на војување, го привлекува вниманието на голем број армии, така што земјите како Соединетите Американски Држави (САД) и Велика Британија веќе почнаа да го испитуваат овој нов концепт на војување.

Турција која долги години како се соочува со големи предизвици од аспект на нејзината национална безбедност, разви една нова доктрина на војување, и тоа како против асиметричните закани како што се терористичките организации, така и против конвенционалните закани со коишто се соочува согласно географијата кадешто се наоѓа. Додека оваа доктрина којашто се потпира на наоружани беспилотни летала (СИХА) во моментов го привлекува вниманието на целиот свет, речиси е во состојба на поттикнувач на една промена којашто ќе ја промени од корен „доктрината на модерно војување“.

Турција во последните 10 години постигна извонреден напредок во сферата на одбранбената индустрија и особено во технологијата на беспилотните летала (ИХА) и наоружаните беспилотни летала (СИХА) е во состојба на многу понапредна земја која фрли многу понапредни чекори од останатиот дел на светот. Платформите на наоружани беспилотни летала (СИХА) како што се „Анка“ и „ТБ2“ и нивната опрема развиени од страна на државни компании како ТАИ-Аселсан или приватни компании како што е „Бајкар“, почнаа да се користат на ефикасен начин на бројни фронтови, бојни полиња и контакт линии. Овие наоружани беспилотни летала (СИХА) коишто се користат на ефикасен начин и тоа особено во борбата против сепаратистичко-терористичката организација ПКК, како на територијата на Турција, така и во соседните земји како Ирак и Сирија, го ограничија капацитетот на мобилност т.е. движење на терористите, а доведоа и до елиминирање на таканаречениот раководен кадар, на челниците на организацијата.

Сепаратистичко-терористичката организација ПКК во значајна мера го изгуби својот капацитет да може да извршува терористички акции против Турција. Исто така, се виде дека наоружаните беспилотни летала (СИХА) на Турција беа користени на мошне ефикасен начин во Сирија, Либија и Карабах против полуконвенционалните сили, дека непријателските елементи не можеа да одговорат на турските наоружани беспилотни летала (СИХА) и дека останаа неефикасни и современите развиени противвоздушно одбранбени системи од руско производство. Само во последната војна во Карабах  со ефикасната и активна улога на наоружаните беспилотни летала (СИХА) „ТБ2“ беа неутрализирани стотици ерменски тенкови и оклопни возила, Панцири и други современи противвоздушно одбранбени системи, како и илјадници пешадиски елементи. Ерменската армија претрпе тежок пораз и се повлече од Карабах. Исто така снимањето на моментите на уништување на непријателските елементи од страна на наоружаните беспилотни летала (СИХА) само по себе ја донесе и апсолутната доминација и надвласт и од аспект на пропагандната војна кон јавноста.

Сега развиените модерни армии се обидуваат да ја сфатат оваа нова доктрина на војување на Турција, да го разберат успехот што го постигнува со наоружаните беспилотни летала (СИХА) како против асиметричните сили, така и против конвенционалните сили и да ги адаптираат (прилагодат) своите армии кон овој нов концепт на војување. Турција пак, чекор понапред од тоа го започна сериското производство на наоружаните беспилотни летала „АКИНЏИ“ и „АКСУНГУР“ коишто се посовремени модели на наоружаните беспилотни летала „АНКА“ и „ТБ2“. Во период кога Турција со технологијата на наоружаните беспилотни летала (СИХА) се манифестира т.е. појавува како сила во подем во својот регион, Таа исто така ја променува судбината на значајните бојни полиња како што се Сирија, Либија и Карабах кадешто располагаат со способност за презентирање на својата сила само големите супер сили.

 

Коментар на  Џан Аџун, истражувач за надворешна политика на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...

 



Слични вести