Досие анализа на неделата: Прекуграничните операции на Националната разузнавачка служба (МИТ)

Националната разузнавачка служба на Турција (МИТ) се развива во својство на претенциозните ставови на Турција и да води борба против предизвиците насочени против неја

1608682
Досие анализа на неделата: Прекуграничните операции на Националната разузнавачка служба (МИТ)

Во период кога Националната разузнавачка служба на Турција (МИТ) во последните години почна да фрла потпис на многу големи операции, привлекуваат внимание особено операциите коишто ги реализира со стопроцентна прецизност со точка-операции против припадниците на терористичката организација ПКК во Ирак и во Сирија. Во тој контекст, пред кусо време беше фатен во Сирија и донесен во Турција терористот Ибрахим Бабат познат под кодното име „Шех Гуји“ таканаречен бригаден командант на ПЈД/ЈПГ, сирискиот огранок на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК. Тоа е мошне значајно и од аспект на покажување на точката до којашто се дојдени можностите и способностите на Националната разузнавачка служба (МИТ).

Турција, додека го продолжува своето постоење во една тешка географија, како во контекст на нејзината геополитичка длабочина, така и во контекст на нејзините претенциозни ставови, се соочува и со големи предизвици. Поради тоа, ѝ внатре во Турција, ѝ во блиската географија сите инструменти треба да се искористат на ефикасен начин, како Турција би ги одбранила нејзините национални интереси. 

Освен дипломатијата и военото одвраќање како инструменти на мека сила, од големо значење се и разузнавачките служби. Во тој контекст, гледаме дека Националната разузнавачка служба на Турција (МИТ) се развива во правец на претенциозните ставови на Турција и во својство да води борба против предизвиците насочени против неја.

Особено веднаш по обидот за пуч од 15 јули 2016 година во контекст на новата безбедносна доктрина е инвестирано во МИТ во сериозна смисла, така да е постигнат развој и напредок во сериозна смисла и во можностите и способностите на службата. Националната разузнавачка служба (МИТ) чии како човечки ресурси, така и технички можности се развиени и унапредени во сериозна смисла, почна да фрла потпис на мошне значајни операции ѝ во границите на Турција, а особено во Ирак и во Сирија.

За време на големите прекугранични операции на Турција во Ирак и Сирија, како што се Еуфратски штит, Маслиново гранче и операцијата Одлучност, Националната разузнавачка служба (МИТ) презеде мошне значајни улоги на теренот, а истовремено фрли потпис на големи работи и во контекст особено на утврдување и неутрализирање на таканаречените високорангирани имиња-челници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Како последно тоа што единиците на Националната разузнавачка служба (МИТ), во подрачјето на градот Рака во Сирија на длабочина од 50 километри од границата со Турција, успеаја да го фатат и да го донесат во Турција терористот Ибрахим Бабат познат под кодното име „Шех Гуји“ таканаречен бригаден командант на ПЈД/ЈПГ, сирискиот огранок на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК; во оваа смисла претставува голем успех од аспект на борбата против тероризмот. Со добиените информации од ова лице беа разбиени голем број ќелии на ПКК, и ѝ е нанесен голем удар на организацијата. Неутрализирањето на таканаречениот челнички кадар и челните имиња таканаречени команданти на теренот, на терористичката организација, во склопот на реализација на една ефикасна стратегија, ја разби командно-контролната градба на организцаијата и во сериозна смисла доведе до назадување на нејзината способност за делување и капацитет за реализација на терористички акции.  

Конечно, во период кога Турција со инвестирањето во нејзините елементи на тврда сила се издигнува како сила на одвраќање, воедно и Националната разузнавачка служба (МИТ) е дојдена во позиција на значајно манифестирање на оваа состојба.

Коментар на Џан Аџун, истражувач за надворешна политика на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...



Слични вести