Преседан во позитивна смисла

Главната цел на партиските делегати на конгресот е дружба со партиското раководство

1608643
Преседан во позитивна смисла

 

Изминатата недела во Република Северна Македонија на политичката арена се случи еден преседан, се разбира во позитивна смисла на зборот. Владејачката партија во земјата, Социјалдемократскиот Сојуз одржа конгрес, кој всушност беше изборен, бидејќи мандатот на претседателот на партијата завршуваше, па мораше да се избере нов претседател или истиот кандидат да  биде повторно избран на чело на партијата. Како што вели еден наш угледен колумнист “изборните конгреси се, главно, здодевна вежба за потврдување на легитимитетот на лидерството кое владее со партијата и со државата. Главната цел на партиските делегати на конгресот е дружба со партиското раководство, а ако успеат да му ја стегнат раката на претседателот (во 99% случаи, маж) за време на конгресот. Од воведувањето на плурализмот во Македонија, за прв пат една политичка партија, својот лидер го избра во непосредни внатрепартиски избори, во кои секој член на партијата доби право да учествува на гласањето.

Инаку овој изборен конгрес со право беше критикуван од некои политички партии, особено од главната опозициона партија, која овој конгрес го спореди на оние од Северна Кореја. Од причини што на конгресот, старо новиот претседател на партијата Зоран Заев, беше единствен кандидат на партијата, што навистина претставува еден хендикеп. Но да се споредува со конгреси од некои азиски авторитарни партии или држави е навистина претерано. Иако изборен конгрес со еден кандидат може да се критикува, сепак правото на секој член на партијата директно да одлучува за лидерот на партијата, претставува вистински преседан, кој досега не е видено во ниту една политичка партија во земјата. Како и во други земји и во Македонија геерално политичките партии се окарактеризираат како “Султан Партии“ во кои лидерот на партијата е алфа и омега на партијата. Повлекување линија, сериозна реформа на досегашната кадровска понуда на владејачката СДСМ, враќање на вербата во правната држава, последно предупредување до сите кои ќе се огрешат пред законот... Сите овие ветувања може да се прочитаат во програмата, која оваа партија ја нарече „Нова политика-СДСМ прв во промените“, со која лидерот на партијата Зоран Заев на 21-ви март побара нов лидерски мандат на директни, непосредни внатрепартиски избори. Очигледно дека членовите на оваа партија поверуваа на овие промени или реформи, од причина што ново стариот лидер на партијата овие избори ги доби со доверба на повеќе од 80 отсто гласови на членовите на партијата.  

Како и сите партии и СДСМ има свои недостатоци, прави и грешки, но никогаш не скршнал од стратешкиот колосек, се вели во оваа програма на конгресот. Но исто така се вели дека партијата покажала внатрешен капацитет да се менува, се откажала од старите погрешни салонски навики, почнала да ги слуша граѓаните, да прифаќа критика, да се коригира. Но дали сето тоа е доволно. Со љубопитност јавноста очекува, веќе повлекување на линија! Имаше доволно време сите поединци во партијата да покажат што знаат и колку се подготвени за предизвиците за реформи, внатре во партијата. Граѓаните со право ја критикуваат партијата на СДСМ во повеќе сегменти. Заев уште сега најавува дека нема да има емоции кон никого повеќе во партијата. Впрочем Заев и неговата партија имаат долг кон граѓаните за исполнување на веќе ветеното. И со право јавноста смета дека тука е точката од која треба да почне новиот начин на работа, тука е точката од која се најавува пролетната иницијатива, на партијата и на Заев, во најавата на нов пресврт во политичкото делување на СДСМ. А ова подразбира промени во пет клучни точки: сериозна реформа на досегашната кадровска понуда на СДСМ, унапредување на внатрепартиската демократија, кревање на мотивацијата на граѓаните, повик до младите за градење на млад СДСМ доминиран од новите генерации и продлабочување на започнатата борба против корупцијата и организираниот криминал во општеството.

Автор на програмата е Ремзи ЏАНОВА, новинар во Скопје.

 



Слични вести