Денеска одбележуваме 106 години од Поморската победа на Чанаккале на 18 март 1915 година

Денеска ја одбележуваме 106-годишнината од извојуваната Поморска победа на Чанаккале (Дарданелите)

1603316
Денеска одбележуваме 106 години од Поморската победа на Чанаккале на 18 март 1915 година

Флотите на Велика Британија и Франција кои сакаа да го окупираат Истанбул и да ја исклучат од игра Османлиската Империја која учествуваше во Првата светска војна, се обидоа да го поминат морскиот теснец Чанаккале (Дарданелите) по море. Овој напад резултираше со големата победа на Османлиската војска и нејзините поморски сили и заврши со претрпените тешки загуби и повлекување на флотите на Велика Британија и Франција.

Откако овие сили разбраа дека не ќе можат да го поминат морскиот теснец од море ги започнаа копнените битки. И покрај тоа што беа дадени големи загуби, со храброста и самопожртвуваноста што ја покажа турскиот народ, морскиот теснец Чанаккале Дарданелите не можеше да се премине од страна на окупаторските сили.

На 18 март 1915'та година се водеа најкрвавите поморски битки на морскиот теснец Чанаккале (Дарданелите).

Со јазик разбирлив и за пријателите и за непријателите, беше повторено дека "Чанаккале не може да се помине". 

На тој начин уште еднаш оваа година, на 106'тата годишнина, со радост ја славиме извојуваната поморска победа на Чанаккале.



Слични вести