Досие анализа на неделата: Дали е можно да се постигне решение во Сирија?

Повеќе од половината од населението на земјата ги напушти своите домови, а животите ги загубија приближно 1 милион луѓе. Земјата во секоја смисла се соочи со едно мошне тешко разрушување.

1599686
Досие анализа на неделата: Дали е можно да се постигне решение во Сирија?

Во период кога поминаа 10 години од Арапската пролет, за жал и граѓанската војна во Сирија ја наполни својата 10-та година. Повеќе од половината од населението на земјата ги напушти своите домови, а животите ги загубија приближно 1 милион луѓе. Земјата во секоја смисла се соочи со едно мошне тешко разрушување. Добро, дали и по толку многу доживеани работи навистина е можно да се постигне соодветно политичко решение?

Арапската пролет којашто започна во Тунис ги активира тивките (безгласни) маси кои во голем број земји живеат под притисок, под тешки услови, и диктаторите за кои се велеше дека не можат да се соборат почнаа да се уриваат речиси со домино ефект. По Тунис следеше Египет. Во Сирија пак, револуцијата чекор по чекор се претвори во граѓанска војна и сама по себе донесе и едно големо разрушување. Земјите како Иран и Русија зазедоа место на страната на режимот, а  против народниот бунт што започна против Асадовиот режим, така да режимот со доверба кон овие земји започна и воена интервенција со што ја активира динамиката на граѓанската војна. Со текот на времето пак, со манипулацијата и на некои разузнавачки служби, терористичката организација ДЕАШ се појави во Сирија кадешто воспостави и своја доминација. Додека опозиционерите се соочуваа со тешкотии за заедничко делување, западните земји повлекувајќи ја својата поддршка на сириската опозиција станаа причина режимот, Русија и Иран да станат влијателни на теренот.   

Конечно, сириската опозиција која се обидува да застане на нозе само со поддршката на Турција е заглавена во подрачјето на градот Идлиб и во другите ослободени области. Турција, со чекорите коишто ги фрла минимализирајќи ја човечката криза во овие подрачја е во потрага по изградба на стабилен живот.

На ист начин, пространи области во источниот дел на реката Еуфрат се наоѓаат под контрола на ангажманот САД-ПКК. Додека земјата фактички е поделена на три дела, има едно огромно разрушување коешто остана назад од граѓанската војна. Половината од населението на Сирија е раселено, една третина е во состојба на бегалци во други земји. Економијата во секоја смисла банкротира, во хуманитарна смисла се доживува сериозен проблем во безбедноста на храната. Инфраструктурата и супраструктурата се во целосен колапс од војната и економските кризи.

На 10-годишнината од Арапската пролет, кога пред нас за жал постои една ваква слика во Сирија, од една страна продолжуваат и напорите за политичко решение. Значајни се особено процесот од Астана којшто е започнат на иницијатива на Турција, Русија и Иран, и активностите за нов Устав коишто се водат во тој контекст. Меѓутоа, досега не е постигнат некој значаен напредок. Се гледа дека режимот и неговите сојузници не покажуваат приод за изнаоѓање вистинско решение и дека фрлаат чекори за добивање во време. На ист начин Соединетите Американски Држави (САД) во источниот дел на реката Еуфрат се во ангажман со ПЈД/ЈПГ, сириското крило на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, и со тоа во обид да создадат де факто автономна област.

На тој начин се гледа дека како внатрешните актери, така и влијателните надворешни актери во Сирија сѐ уште не приоѓаат кон постигнување на вистинско решение, со правење на одредени отстапки.

 

Коментар на Џан Аџун, истражувач за надворешна политика на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...

 



Слични вести