Продолжува кризата во Ерменија

Постојат три меѓусебно поврзани причини за развојот на случувањата во Ерменија

1596366
Продолжува кризата во Ерменија

 

Минатата недела, началникот на ГШ на Ерменија го повика премиерот Никол Пашинјан да поднесе оставка. Од друга страна, Пашинјан оваа ситуација ја оцени како „обид за воен удар“ и се обиде да го разреши началникот на Генералштабот повикувајќи го народот на протести. Приврзаниците и поддржувачите на владата и опозициските групи истовремено започнаа да се собираат во Ереван. Претседателот на Ерменија не го одобри разрешувањето на началникот на Генералштабот, а Пашинијан рече дека во овој случај и претседателот ќе биде вклучен во „обидот за воен удар“.

Постојат три меѓусебно поврзани причини за развојот на случувањата во Ерменија. Првата од нив е постојаната сиромаштија и корупцијата во Ерменија. Оваа ситуација што произлегува од лошото управување е всушност прашање коешто не го предизвика Пашинијан, но исто толку е далеку од изнаоѓање решение. Доаѓањето на Пашинјан на власт во 2018 година беше под влијание на неговата надеж дека може да најде решение за сиромаштијата и корупцијата, како и поддршката од западните земји. Неговите приврзаници го гледаа и поддржуваа како алтернатива кога естаблишментот, кој имаше блиски односи со Русија, не можеше да најде решение за проблемите.

Втората причина е победата на Азербејџан и поразот на Ерменија во Втората војна во Карабах. Владите на Ерменија заземајќи бескомпромисен став во дипломатските преговори што траеја со децении можеа да ја продолжат својата окупаторска политика. Пашинијан пак, се обиде да го примени моделот „нова војна“ во преговорите за зголемување на окупацијата наместо „земја за мир“, со цел да се надминат заглавеноста во земјата. Како резултат, во Втората војна во Карабах, Ерменија наместо да окупира нови земји, беше принудена да се повлече од окупираните територии. Пашинјан, кој не им даваше точни информации на своите граѓани во Ерменија за текот на војната, не можеше да се појави пред камерите кога се објавуваше Трилатералната декларација од 10 ноември и условите за прекин на огнот, кои имаа шокантен ефект врз граѓаните на Ерменија. Затоа, резултатите од Втората војна во Карабах, предизвикаа почеток на еден многу тежок период за надминување, не само за администрацијата на Пашинјан, туку и за политиката, армијата и народот на Ерменија.

Третата причина се борбите за власт што не завршуваат во Ерменија. Гледано од микро аспект, во Ерменија постојат Карабахскиот клан, кој сака да ја задржи и прошири својата моќ во Ерменија, и различни групи меѓу кои и ерменската дијаспора кои се вклучени во овој процес. И да биде можно да се намали борбата за макро влијание на борбата меѓу Русија и Западот, оваа борба станува комплицирана сама по себе кога се комбинира со микро борба. Пашинјан кој избра да води борба на отпор против меморандумот, изгледа дека одреден период ќе ја зачува својата моќ. Сепак, ова не значи дека е постигната стабилност во ерменската политика. Всушност, сите три причини што ги споменавме сè уште се валидни. Ниту владата на Пашинјан, ниту армијата, ниту новата цивилна влада нема волшебно стапче за да ја елиминира нестабилноста предизвикана од овие причини.

Тоа беше коментарот на Директорот  за безбедносни студии (СЕТА) Проф. Д-р Мурат Јешилташ.



Слични вести