Досие анализа на неделата: Терористички појас во Сирија

Терористичката организација ПКК, особено во Турција и во Ирак се наоѓа под голем притисок, меѓутоа ПЈД/ЈПГ огранокот на организацијата во Сирија продолжува да претставува закана за Турција

1590904
Досие анализа на неделата: Терористички појас во Сирија

Во период кога со операцијата којашто Турција на изненаден начин ја реализира против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во областа Гара, во северниот дел на Ирак погледите повторно се свртија кон борбата против тероризмот, во текот на 2021 година се очекува Турција да реализира големи прекугранични операции, ѝ во Ирак, ѝ во Сирија. Терористичката организација ПКК, особено во Турција и во Ирак се наоѓа под голем притисок. Меѓутоа, ПЈД/ЈПГ огранокот на организацијата во Сирија продолжува да претставува закана за Турција. Организацијата со поддршка на Соединетите Американски Држави (САД) речиси е во обид да формира терористичка државичка.

Структуирањето на сепаратистичко-терористичката организација во Сирија ПЈД/ЈПГ, искористувајќи го создадениот хаос од граѓанската војна во Сирија почна да ja проширува својата сфера на влијание. Особено по 2014 година на изглед дека води борба против терористичката организација ДЕАШ, добивајќи ја поддршката и на Соединетите Американски Држави (САД) формира административни структури во североисточниот дел на Сирија и ги зацврсти своите сфери на влијание. Под покривот на Сириските демократски сили (СДФ) коишто ги формира со додавање кон терористичката организација и на арапските елементи, со ставање под контрола на природните извори на земјата, влезе во потрага на воспоставување на сопствената економска одржливост, и во тој контекст на здобивање со стратешка надвласт против поготово Асадовиот режим, како и Русија, Турција и Иран. Асадовиот режим пак, свесен од значењето на повторниот пристап до природните извори во Сирија во име на продолжување на сопствената власт, и покрај тоа што беше во потрага по различни воени и политички потези, се соочи со препреката на САД и стана неуспешен. Терористичката организација и покрај тоа што ја презеде контролата со природните извори на земјата од кои обезбедува и приходи, директно е финансирана и од страна на САД. САД заедно со помошта којашто им ја доставуваат самите, под нивен надзор и доставија финансиска помош на СДФ/ЈПГ и со посредство на земји како што се Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Според сегашните сфери на воена контрола, СДФ/ЈПГ моментално контролира површина повеќе од 40 илјади квадратни километри што сочинува 30 отсто од целокупната територија на Сирија. Меѓу сферите под контрола на СДФ/ЈПГ се наоѓаат и доста драгоцени нафтени, гасни и водени извори, вклучувајќи и плодни земјоделски површини. 50 отсто од површините на Сирија коишто можат да се наводнуваат, 70 отсто од енергетските извори и 95 отсто од водените потенцијали се наоѓаат во областите под контрола на терористичката организација ЈПГ.  

ПЈД/ЈПГ која под заштита на САД почна да зајакнува во регионот и ја презеде контролата над значајни економски извори на земјата, е во потрага најпрвин по формирање на автономна, а потоа и на целосно независна терористичка државичка. Терористичката организација која реализира систематски напади со возила бомби во областите под контрола на Турција и навлезе во обид за потчинување по пат на насилство и политика на притисок врз населението кое живее под нејзина контрола, тогаш кога ќе затреба е навлезена и во обид да остане во живот со продолжување на својата соработка и со Русија и Асадовиот режим.

Овој стил на делување се покажа себе си уште повеќе особено по  операцијата Извор на мирот којашто ја реализира Турција во северниот дел на Сирија. Меѓутоа, ниту вистините на Сирија, ниту Турција нема да и дозволат на сирискиот огранок на сепаратистичко-терористичката организација ПКК да формира терористичка државичка и да се одржи во живот во ова подрачје. Турција, по операцијата Извор на мирот и во текот на 2021 година, освен во Ирак ќе продолжи да реализира значајни воени операции против организацијата и во Сирија, со што да фрла чекори и во правец на минимализирање на силата и сферата на влијание на организацијата. Во тој контекст, би можеле да бидат поставени на цел особено областите коишто се наоѓаат во рацете на организацијата како што се Тел Рифат, Менбич, Ајн Иса и Тел Темир, а воедно со поддржување на арапските племиња и курдското население кои се наоѓаат под притисокот на организацијата би можело да се обезбеди организацијата да ослабе. На крајот на сето тоа, од аспект на Турција нема да се прифати терористичката организација и нејзините под организации или ограноци да се стекнат со простор на живот не само во Турција, туку и на териториите на нејзините соседи Сирија и Ирак.

Коментар на Џан Аџун, истражувач за надворешна политика на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...

 



Слични вести