Досие анализа на неделата: Операцијата „Канџа Орел“ во северниот дел на Ирак

Турција во последните години ја зголеми својата брзина во борбата против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во чии рамки е започната и операцијата „Канџа Орел-2“ во северниот дел на Ирак

1581972
Досие анализа на неделата: Операцијата „Канџа Орел“ во северниот дел на Ирак

Борбата на Турција продолжува и внатре во нејзините граници и надвор преку границата во соседните земји. Од една страна се цели против последните припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК кои останале внатре во границите на Турција, истовремено се обидува да се стави под притисок организацијата и во Ирак и во Сирија. Министерството за национална одбрана во своето последно објавено соопштение информира дека во северниот дел на Ирак е започната операцијата „Канџа Орел-2“. Подрачјето беше бомбардирано од воздух,  елитните турски командоси со помош на хеликоптери се истоварија на ридовите со надвласт над областа и е нанесен неочекуван удар на организацијата.

Турција во последните години ја зголеми својата брзина во борбата против терористичката организација ПКК. Додека организацијата се става под притисок во секоја сфера со операциите коишто се реализираат ѝ внатре во границите на земјата ѝ надвор преку границата, воедно се водат обиди да се спречи да се стекне со безбедна област. Во тој контекст, особено со операцијата „Канџа-Орел“ којашто е започната во својство на продолжение на операциите за Одлучност во Ирак и е нанесен голем удар на терористичката организација. Со тоа е елиминирана доминацијата на организацијата во одредени области, а истовремено во овој контекст се елиминираат и командно-контролните центри и центрите за обука коишто ги формирала во безбедните области. Турските вооружени сили (ТВС) различно од претходната воена стратегија за влегување и излегување, во областите  во коишто влегува и ги исчистува таму останува и воспоставува доминација на теренот против организцаијата. На тој начин се спречува припадниците на терористичката организација да дојдат повторно и да се стационираат во овие области.

Откако почнаа да се подобруваат временските услови, како последен чекор на наведените операции со прогласување од страна на Министерството за национална одбрана дознавме дека во областа Гара во северниот дел на Ирак е започната операцијата „Канџа Орел-2“. Додека авионите на Турските воздушни сили жестоко ја бомбардираа областа, хеликоптерите истоварија елитни командоси во областа и почнаа да се неутрализираат припадниците на терористичката организација. Исто така активно се користат офанзивни хеликоптери „Атак“ и беспилотни летала. Претходно силите Пешмерги напредуваа и се стационираа во одредени места во областа и повремено беа доживеани судири помеѓу терористите на ПКК и Пешмергите. Сега би можеле да предвидеме дека операциите ќе продолжат во оваа област се додека биде исчистена областа Гара која располага со стратешко значење за организацијата. На крајот, земајќи ја во предвид и претходната раздвиженост на силите Пешмерги, би можело да се каже дека продолжува координацијата помеѓу Анкара и Ербил против терористичката организација ПКК и дека тоа ги олеснува наведените прекугранични операции на Турските вооружени сили (ТВС). Од сето тоа, би можело да се согледа дека во контекст на постигнатиот договор помеѓу Анкара и Ербил се фрлаат чекори во однос на Синџар, дека во наредните месеци ќе продолжат операциите на Турските вооружени сили (ТВС) против другите области кои се наоѓаат во рацете на организацијата, надвор од Гара, и дека на крајот организацијата целосно ќе се потисне кон Кандил, ќе биде изолирана, а потоа и кон овие области ќе се реализира последната операција за целосно елиминирање на терористичката организација.

Коментар на Џан Аџун, истражувач за надворешна политика на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...



Слични вести