Социјалните платформи и демократијата

Новите правила за социјалните платформи треба пред сè да овозможат праведна конкуренција на пазарот на интернет услуги

1582142
Социјалните платформи и демократијата

 

На почетокот на 90-те, Република Македонија или со денешното име Република Северна Македонија беше една од шестте поранешни југословенски републики, која од поранешната југословенска федерација се одвои мирно без да испука едно зрно куршум. По тој поглед сосема очекувано беше Република Северна Македонија за разлика од останатите републики кои беа зафатени со виорот на војната, требаше да биде најразвиена во секој поглед. Но за жал, состојбата ниту од далеку не е така. Бидејќи Македонија се уште се соочува со безброј проблеми и предизвици од секој поглед. Една од суштествените работи која требаше Македонија да ги оствари веднаш по осамостојувањето, беа комплетирање на политичките и економските реформи потребни за европската интеграција. Но за жал, извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија за 2016 година посочи голем број прашања кои земјата мора да ги реши, вклучувајќи ги слабите механизми за постигнување на рамнотежа помеѓу извршната, законодавната и судската власт, владеењето на правото и заштитата на човековите права како и независноста на медиумите и слободата на изразување. Најновиот извештај на „Фридом хаус“ за земјите во транзиција ја нотираше Македонија од „полуконсолидирана демократија“ во држава со „преодна влада или хибриден режим“. Индексот за слободата на медиумите за разлика од 2016 година кога Македонија беше рангирана на 118-то место од вкупно 180 земји, денес состојбата и малку да е, е променета во позитивна смисла. За тоа Македонија како држава беше исправена пред суштствени предизвици за кои требаше да превземе неопходни мерки за подобрување пред се на демократијата во општеството.

Индексот на демократија во одделни земји или општества не може да се разгледува без взаемниот однос на демократијата и слободата на изразувањето, како една од темелните претпоставки што го овозможува функционирањето на демократски општествен систем. Но тој взаемен однос во последните години се соочува со извесни дилеми и оспорувања, дури и во најразвиените демократски земји, а да не зборуваме за Македонија која како се уште се наоѓа во процесот на транзицијата.

Кога станува збор за слободата на говорот или изразувањето, како една од најсуштествените алатки на демократијата речиси и после триесетина години Република Северна Македонија како да сеуште тапка на место. Кога е во прашање слободата на говорот, веројатно во прв ред треба да се спомнат социјалните мрежи, кои претставуваат еден вид вентил преку кој граѓаните можат да ги почувствуваат „благодетите“ на демократијата. Но како што бива обично, балканскиот хомо сапиенс и тука го покажа своето вистинско лице.

Веднаш треба да се подвлече дека слобода на говорот или изразувањето никако не може да биде како што вели еден наш колумнист, човечко право да се изблује од внатрешноста на човекот што било на социјалните мрежи“. Многумина сметаат дека новите правила за социјалните платформи треба пред сè да овозможат праведна конкуренција на пазарот на интернет услуги, така што законската регулатива нема да функционира како ограничување на слободата на изразувањето. Но, најостри спротивставувања доаѓаат до израз во однос на примената на ефикасни мерки против недозволени содржини на социјалните мрежи. Со други зборови речено, доколку нешто е во спротивност со законот, во нашиот физички свет, на истиот начин ќе мора да се рефлектира и на интернет.

Останува да се види, колку Република Северна Македонија ќе успее да најде вистинско решение пред предизвикот наречен ѝ социјални мрежи или слободата на говорот.

Автор на програмата е Ремзи ЏАНОВА, новинар во Скопје.



Слични вести