Специјалитети од османлиската сарајска кујна: Ќунефе од Хатај

Денеска во Хатај, градот колевка на културите кој обединува различни цивилизации и културни богатства, ќе го подготвиме специјалитетот Ќунефе

1576844
Специјалитети од османлиската сарајска кујна: Ќунефе од Хатај

Во ова продолжение од оваа наша програмска содржина во која ги споделуваме со вас извонредните специјалитети на османлиската сарајска кујна ве водиме во Хатај, градот колевка на културите кој обединува различни цивилизации и културни богатства. Денеска во Заливот на Искендерун за вас ќе подготвам Ќунефе, специјалитет на Хатај без којшто се не може.

Потребни состојки за Ќунефе се:

1 килограм кадаиф во вид на жица (т.н. тел кадаиф)

Половина килограм путер

Половина килограм сирење за ќунефе

Една чаша пекмез (меласа)

За шербетот се потребни:

1 килограм шеќер

1 литар вода

Пред да почнеме со начинот на подготвување на овој специјалитет од страна на шефот-готвач и истражувач-експерт за култура Јунус Емре Аккор проследено и со видео, најпрвин би сакале да ве однесеме на на куса прошетка низ градот Хатај, колевката на културите кој обединува различни цивилизации и културни богатства.

 



Слични вести