Досие анализа на неделата: Подрачјето на Синџар во Ирак

Коментар на Џан Аџун, истражувач за надворешна политика на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...

1573198
Досие анализа на неделата: Подрачјето на Синџар во Ирак

Градчето Синџар кое се наоѓа во северниот дел на Ирак, на точката кадешто се пресекуваат Турција и Сирија, во последните денови повторно се наоѓа на дневен ред.

Подрачјето на Синџар под изглед на тоа дека се води борба против терористичката организција ДЕАШ беше заземено од страна на сепаратистичко-терористичката организиција ПКК и во име на организацијата беше користено како значаен логистички центар на линијата Ирак-Сирија. Тамошното присуство на организацијата од аспект на Турција пак, се смета како значајна закана. Во последно време се доживуваат и значајни случувања во име на ликвидирањето на организацијата од подрачјето.

Градчето Синџар во Ирак кое располага со стратешко значење на точката кадешто се пресекуваат Турција и Сирија, долго време како го прочу своето име како подрачје коешто не може да се сподели помеѓу Багдад и Ербил. Тоа што во ова подрачје живеат Езиди само по себе обезбеди кон ова подрачје да покажува големо интересирање и светот. Меѓутоа, откако терористичката организација ПКК во 2014 година поставувајќи ги за цел Езидите реализираше масакри врз нив, искористувајќи го хаосот што се појави потоа ПКК се стационира во подрачјето. Со тоа подрачјето почна да станува значајно и во контекст на борбата на Турција против тероризмот.

Сепаратистичко-терористичката организација ПКК, ѝ искористувајќи ја географската местоположба на подрачјето стави под контрола еден значаен центар на линијата Ирак-Сирија, ѝ давајќи им на Езидите кои живеат во подрачјето оружје во рака, ова подрачје го сметаше како значаен простор во име на ставање во услуга во правец на исполнување на сопствените интереси. Додека се обидуваше да формира административни единици т.н. кантони во подрачјето истовремено и со вооружените сили „ЈБШ“ коишто ги формира од Езидите влезе во обид да ја зголеми и прошири својата надвласт во ова подрачје. Меѓутоа најпрвин беше приморана да се бори против силите Пешмерги на Регионалната курдска управа на Ирак (ИКБЈ). Потоа пак, едно по друго реализираните воздушни операции од страна на Турција почнаа да ја ослабуваат ПКК во подрачјето.  Исто така Турција со посредство на својата Национална разузнавачка служба (МИТ) почна еден по еден да ги неутрализира т.е. ликвидира т.н. раководители на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во подрачјето.

Во овој процес е согледано дека и Езидите во голема мера зазедоа став против сепаратистичко-терористичката организација ПКК и почнаа да вршат притисок врз ПКК да излезе од подрачјето. На крајот, на барање и на Турција помеѓу Багдад и Ербил беше склучен договор за целосно вадење на вооружените елементи како што се ПКК и Хашди Шаби од ова подрачје. Со влегувањето на централната ирачка армија во подрачјето некои сили лојални на ПКК се повлекоа, меѓутоа организацијата сѐуште го продолжува своето влијание во руралното подрачје на Синџар. Турција инсистира ирачката армија целосно да ја воспостави контролата во подрачјето, нагласува дека е отворена и за доставување на секој вид помош за тоа. Меѓутоа, доколку во скоро време не бидат фрлени посакуваните чекори постои веројатност да реализира и еднострана прекугранична операција.

На крајот, од аспект на Турција исчистувањето на Синџар од сепаратистичко-терористичката организација ПКК значи во голема мера да се пресече линијата Ирак-Сирија и да се изолира организацијата. Така и остварената посета на министерот за национална одбрана Хулуси Акар минатата недела на Багдад и Ербил, треба да се прочита во контекст на борбата против тероризмот и подрачјето на Синџар во Ирак.

Коментар на Џан Аџун, истражувач за надворешна политика на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...

 



Слични вести