Досие анализа

Дали Америка се враќа?

1568793
Досие анализа

 

Oд 20 јануари Џо Бајден официјалнo ја презеде функцијата 46. претседател на САД. Бајден во историјата влезе како демократски кандидат кој беше избран за претседател со најмногу гласови во последните 70 години.

Периодот од ноември до јануари беше хаотичен како што се предвидуваше. Постоеше очекување дека Трамп нема мирно да го предаде претседателството, но никој не можеше да претпостави дека случувањата ќе одат толку напред. На 6 јануари беше доживеана една новина во американската историја. Приврзаниците на Трамп извршија упад во зградата на конгресот. Во крвавиот упад загинаа 5 лица, влошената слика на САД ширум светот беше срамнета со земја. По крвавиот упад, се одржа второто гласање за суспензија на Трамп од функцијата. Вашингтон беше сцена на оние што сме навикнати да ги гледаме во Багдад. Повеќе од 25.000 американски војници поставија барикади на улиците на главниот град и беа стационирани во зградата на конгресот. Додека се случуваше сето ова, бројот на луѓето кои починаа поради епидемијата на корона во САД надмина 4000 на ден. Не би било погрешно да се каже дека Бајден презеде рушевини на еден брод. Каква Америка сака да изгради Бајден?

Одговорот на Бајден и неговата екипа на ова прашање се чини многу јасен. Бајден истакна дека „Америка се врати“. Многумина оваа изјава ја сфатија како рамка што го покажува општото разбирање на Бајден за внатрешната и надворешната политика. Па, што значи враќање на Америка? Првиот столб на овој пристап, кој ја оцртува рамката на надворешната политика на Бајден, е повторно воспоставување на американското лидерство. Државниот секретар Блинкен тврди дека ако САД не го водат глобалниот систем, празнината што ќе ја остави, ќе се пополни од страна на авторитарни сили и оваа ситуација ќе предизвика нестабилност во меѓународниот систем. Бајден знае дека во надворешната политика прво мора да се стреми кон враќање на американското лидерство. Постојат две важни под-компоненти на ова лидерство. Едната е да се врати нарушениот имиџ на САД, а втората е да се врати силната лидерска позиција против Кина и Русија.

Вториот приоритет на Бајден е повторно да се зголеми важноста на меѓународните институции. Во периодот на Трамп, САД имаа сериозни проблеми со доминантните меѓународни институции како што се ОН, НАТО и Светската здравствена организација (СЗО). Надворешната политика на Бајден првенствено ќе се гради врз воспоставувањето на американското лидерство преку овие институции преку зајакнување на меѓународните институции. Во тој контекст можеме да кажеме дека мултилатерализмот ќе има важно место во американската надворешна политика во периодот на Бајден.

Трет приоритет на Бајден е да преземе нови иницијативи и да оствари нови регулатива со коишто ќе го врати американското лидерство во глобалната економија. Гледано од тој аспект, најпрвин на ум ми доаѓаат американско-кинеските трговски војни за време на периодот на Трамп. Јасно е дека Бајден на Кина смета како на ривал, но исто така на Кина не смета како то тоа го правеа Трамп или Републиканците. Изјавата на Советникот за национална безбедност Саливан, кој рече дека формулата „Соживот со Кина“ е главната основа на надворешната политика, покажува дека Бајден наместо со борба, може да следи политика на трансформација на Кина во компромис со Кина. Но, економскиот проблем на Бајден не е само Кина. Економската состојба предизвикана од епидемијата на корона се чини дека многу повеќе ќе ја окупира економската политика на Бајден.

Четвртиот приоритет на Бајден е повторно воспоставување на либералниот поредок кој ќе се заснова на меѓународното право и правила. Во тој контекст можеме да кажеме дека со повторно воспоставување на меѓународни норми, може да се утврди политика што ќе се обиде да го надмине изгубениот имиџ предводен од Америка. Оваа цел бара од САД да остварат нови регулативи за глобалните правила што го одржуваат глобалниот систем во живот. За тоа пак, на САД ќе им требаат повеќе сојузници.

Прашањето дали овие четири столба можат да ги вратат Соединетите Американски Држави во меѓународниот систем е исклучително важно. Урнатините коишшто Бајден ги презеде од Трамп и променливиот  карактер на светската политика покажуваат дека сето тоа многу тешко ќе може да се оствари.

Тоа беше коментарот на директорот на Фондацијата за политички, економски и општествен истражувања СЕТА доц. д-р Мурат Јешилташ посветен на денешната тема.

 

 



Слични вести