Досие анализа на неделата: Либиската политика на Русија

Коментар на Џан Аџун, истражувач за надворешна политика на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА, посветен на либиската политика на Русија...

1563937
Досие анализа на неделата: Либиската политика на Русија

Либија, освен тоа што е значајна земја поради нејзината геополитичка положба во контекст на Северна Африка, Источниот Медитеран и Јужна Европа, истовремено е многу богата земја и од аспект на енергетските извори. Во тој контекст, регионалните и глобални сили сакаат да бидат влијателни во борбата за моќ којашто продолжува во оваа земја, како и да располагаат со право на збор во обликувањето на Либија. На чело на овие земји пак, се наоѓа Русија.

Либија, пред соборувањето на Муамер Гадафи во 2011 година и покрај тоа што беше социјалистичка земја следеше независен пат од Москва. Сепак, односите помеѓу Либија и Русија содржеа многу длабока воена и економска соработка. Но и покрај тоа, по распаѓањето на Сојузот на Советските Социјалистички Републики (СССР) оваа соработка заврши заедно со политичката поддршка на Москва на меѓународните санкции коишто беа применувани врз Либија. Меѓутоа, Русија која заедно со Путин почна да зајакнува, откако повторно се врати назад на светската политичка сцена, повторно ги воспостави своите односи и со Либија. Со склучување на значајни договори за оружје и енергија почна да станува влијателна во Либија. Тоа продолжи се до револуцијата којашто започна во земјата под влијанието на Арапската пролет и до надворешната интервенција. Со реализираната интервенција под водство на НАТО Гадафи беше соборен и Русија беше исклучена од игра во Либија.

Додека продолжуваа внатрешните судири во Либија, Русија остана набљудувач и конечно искористувајќи ја празнината од сила којашто се појави во земјата во 2017 година почна повторно да биде активна. Почна да се зближува со пучистичкиот генерал Халифа Хафтар и пренесувајќи ги во Либија своите платеници како Вагнер се стекна со авторитет особено во источниот дел на земјата и претпочиташе да влезе во ангажман со земји како што се Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Денеска, либиската политика на Русија официјално има за цел да ги седне на преговарачка маса Владата на национално единство и Либиската национална армија (ЛНА). Москва која се обидува да заземе улога на „неутрален судија“, себеси се претставува како поборник за политичко решение за кризата. Меѓутоа, состојбата го покажува спротивното. Имено, познато е дека Москва не само политичка поддршка и пружа и воена поддршка на армијата на Хафтар. Руските оружја често се гледаат во рацете на борците на Либиската национална армија (ЛНА) и руските платеници се наоѓаат во областите на судири. Меѓутоа, Кремљ продолжува да го негира ѝ присуството на своите платеници ѝ продажбата на своето оружје.

Во последните години Москва во нејзината либиската политика покажа дека е наклонета кон платеници и практикување на нетрадиционални методи како контакт група. Во тој контекст, текот на надворешната политика на Русија во Либија во значителна мера ја обликува претседателот на Република Чеченија Рамазан Кадиров кој ја презема улогата претставник на Русија на Блискиот исток. Освен тоа, Рамазан Кадиров, заедно со неговите советници Адам Делимканов и Лев Денгов ја сочинуваат руската Контакт група формирана во 2015 година.

На крај, Русија искористувајќи ја создадената празнина во моќта во Либија стана влијателна на теранот. Почна да го поддржува воено Хафтар. Ги разви своите односи со семејството на Муамер Гадафи, а пред се со неговиот син Сејфулислам. Во ангажман со земји како што се Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Египет го распореди Вагнер во Либија и се стекна со авторитет особено во источниот дел. Во оваа постоечка конјуктура првенствено сака да го зачува својот авторитет.

Едната од целите на Русија во Либија е обидот обезбедувајќи погодна политичка атмосфера со којашто ќе им отвори простор на руските енергетски компании како што се „Роснефт“, „Татнефт“ и „Газпром“, да стане ефикасен играч на енергетскиот пазар во Медитеранот. Освен тоа, учеството на Москва во борбата за власт во Либија се определува со желбата за стекнување на различни политички придобивки коишто ќе го фиксираат нејзиното присуство во оваа земја.

Освен тоа, Москва има за цел да го прошири своето присуство на континентот Африка и особено  во регионот на Источниот Медитеран. На тој начин, Либија како земја богата со енергетски извори која располага со најдолгото средоземноморско крајбрежје во регионот, се стекна со свое место во дневниот ред на руската надворешна политика. И покрај економското значење, решавањето на конфликтот во Либија не е едниот од проблемите од витално значење за Москва. Сепак, Русија има за цел заземајќи место во либиската криза да им го покаже своето влијание на другите регионални актери.

Коментар накоментарот на Џан Аџун, истражувач за надворешна политика на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА...

 



Слични вести