Досие анализа на неделата: Збогум 2020 година

Голем број експерти, ја изнесуваат анализата дека разликата помеѓу Западот и Истокот во справувањето со пандемијата произлегува особено од тоа што Далечниот исток почна повеќе да се развива себе си во споредба со западниот свет

1555508
Досие анализа на неделата: Збогум 2020 година

Нема да биде погрешно ако кажеме дека 2020 година во глобална смисла помина многу тешко за целиот свет. Особено по проширувањето на епидемијата на Ковид-19 која најпрвин се појави во градот Вухан во Кина и оттаму се прошири во целиот свет, се соочивме со големи предизвици од аспект на економијата, политиката и општеството. Беа платени големи цени. Секако и Турција не беше исклучок од оваа состојба,  во глобална смисла. Повторно додека продолжуваат судирите во голем број делови на светот, продолжија и нестабилностите и елементарните непогоди. Сега заедно со развиените вакцини против Ковид-19 новата 2021 година ја започнуваме со голем оптимизам, меѓутоа иднината повторно е неизвесна.

Ковид-19 најпрвин се појави во градот Вухан во Кина и на почетокот на 2020 година вирусот чекор по чекор се прошири во сите земји низ светот. Овој вирус којшто за разлика од претходните вируси од типот Корона се прошири многу побрзо меѓу луѓето, чекор по чекор прерасна во глобална епидемија, т.е. пандемија и го зароби целиот свет. Со тоа што болеста почна да се распространува и почнаа и продолжуваат да умираат голем број луѓе, беше неизбежно да бидат преземени и превентивни мерки коишто влијаат директно и на нашиот начин на живот. Додека беа ставени во примена и се применуваат мерки за носење маска и социјално растојание, повремено мораа да бидат преземени и мерки за применување на целосен карантин. Секако, во овој период беа тестирани и особено здравствените системи на земјите. Во тој контекст, Турција стана едната од ретките земји кои положија добар испит во светот. Реализираните инвестирања во здравствениот систем и новоформираните болници во последните години, исто така и апаратите за дишење коишто се развиени со домашни можности, само по себе го донесоа и тоа што Турција релативно излезе со многу помали загуби од овој процес. Меѓутоа, секако исто како и кај останатиот дел на светот, влијанијата на пандемијата беа почувствувани и во Турција, и тоа особено во сферата на економијата.

На чело на земјите кај кои е почувствувано најголемото политичко, економско и општествено влијание на пандемијата пак, се наоѓаат Соединетите Американски Држави (САД). Со влијанието и на лошото управување на процесот од вирусот се заболени милиони луѓе, а повеќе од 300 илјади лица го загубија животот. Десетици милиони луѓе останаа без работа и влијаејќи директно на претседателската трка во САД беше причина актуелниот претседател Доналд Трамп да изгуби пред неговиот противник Џо Бајден.

Надвор од тоа, не беше многу добро управувано со овој процес и во западните земји како што се Италија, Шпанија, Франција и Велика Британија, така да овие земји се соочија со потешки загуби и потешка цена од останатиот дел на светот. Особено пак, би можело да се каже дека земјите од Далечниот исток релативно дадоа подобар испит. Кина, и покрај тоа што е изворна земја на вирусот се опорави побрзо, а и земјите како Јужна Кореја и Виетнам успеаја да управуваат со процесот релативно со помалку штети. Голем број експерти, ја изнесуваат анализата дека разликата помеѓу Западот и Истокот во справувањето со пандемијата произлегува особено од тоа што Далечниот исток почна повеќе да се развива себе си во споредба со западниот свет.

Тоа можеби е точно или пак овде влијаел начинот на живот на луѓето. Меѓутоа, вистина којашто не може да се порекне е тоа дека штетата којашто ја предизвика пандемијата во западниот свет релативно ќе му придаде посилен напредок на Истокот во споредба со Западот.   

Коментар на Џан Аџун, истражувач за надворешна политика на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА, посветен на пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19)

 



Слични вести