Досие анализа на неделата

Турско-американските односи

1552334
Досие анализа на неделата

 

Санкциите на КААТСА (Законот за борба против американските противници по пат на економски санцкии CAATSA) е името на новата криза во турско-американските односи кои во последните години не изостануваат. Долго очекуваните санкции, за кои американската администрација не можеше да одлучи како да ги примени, почнаа да се спроведуваат еден месец пред Трамп да ја напушти функцијата. За некои, ова е предупредување; додека другите се на мислење дека санкцијата е многу полесна отколку што се очекуваше.

За да се разбере со каква ситуација се соочуваме, доволно ќе биде да се види внимателната подготвеност на текстот од технички и политчки-геополитички аспект. Сосема е јасно дека текстот е подготвен на многу внимателен начин. Додека САД, ја нагласува важноста на местото на Турција од аспект на НАТО, истовремено потенцира на значењето на сојузништвото. Од друга страна пак од санкциите може да се види дека истите не се насочени кон воениот капацитет на Турција.

Како што може да се разбере од првото значење на текстот, санкцијата се применува само на Претседателството на одбранбената индустрија. Гледано од технички аспект, се чини дека цел на санкциите ќе бидат само проекти во кои е вклучено Претседателството. Затоа, ниту Турција, турската економија, ниту турската армија не се цел на санкциите.

Надвор од текстот, одлуката за санкција треба да се разгледа од два аспекти. Првиот е дали санкциите на САД можат да фрлат сенка врз турско-американските односи како одржлива алатка. Стратешкото разложување од заедничката перцепција за ПКК-ЈПГ, ФЕТО во Сирија како и низа геополитички прашања со Турција, може дополнително да го продлабочи постојното стратешко раздвојување и да предизвика Вашингтон да се соочи со сериозна дилема. Прашањата кои се наоѓаат меѓу насловите на надворешната политика на Бајден, интересирањето и врската со Турција, евентуалното продолжување на санкциите може да  предизвикаат големи и несакани трошоци за САД. Новата екипа за управување со надворешната политика која ќе се обиде да ја поправи американското лидерство, може да предизвика повторно да го ревидираат позицијата којашто треба да ја заземат во однос на критичните надворешно политички прашања како што е Турција.

Еден друг значаен фактор е тоа дека санкцијата ќе биде причина за трансформација во турските одбранбени стратегии. Исклучувањето на Турција од одбранбената структура на Европа и Запад, ќе доведе до дефинитивна можност за формирање друга структура за одбрана на Турција. Таквата состојба секако дека ќе има и свои геополитички последици. Затоа, можеме да кажеме дека администрацијата на Бајден ќе сака да најде рамнотежа помеѓу цената на санкцијата и геополитичката цена којашто што може да ја предизвика санкцијата.

Турција, земајќи ги во предвид постојните динамики на одбранбената индустријата којашто е предмет на санкции од Соединетите Американски Држави, секако дека ќе ги ревидира своите планови. Реорганизацијата на синџирот на снабдување е само еден од нив. Воспоставувањето алтернативен синџир на снабдување секогаш е можно, но за тоа ќе биде потребно одредено време. Поради тоа, треба да се утврди одлуката за санкција до кој степен влијаела на синџирот на снабдување. Второ, системите и платформите со висок приоритет, земајќи ја предвид климатската закана како и воени ангажмани се други прашања кои треба да се организираат. За тоа пак, неопходно е да се изгради разбирање што ќе ги комбинира воената стратегија и стратегијата на одбранбената индустрија во оптималната точка. Задоволувањето на потребите на високите области со стратешки приоритет со домашни можности или „со незападна одбранбена индустрија“ засега се чини дека е најбезбедниот начин за остварување на овие цели  на Турција. На крајот, јасно е дека политичката економија на одбранбената индустрија е место коешто заслужува најмногу внимание во денешно време. Она што ние го нарекуваме одбрана е всушност процес на вооружување насочен кон зајакнување на вашата воена моќ. Вооружувањето има и многу подлабоко значење отколку самото „поседување оружје“. Тоа неопходно не тера да се фокусираме на економијата на одбраната.

Тоа беше коментарот на Директорот за безбедносни истражувања проф. д-р Мурат Јешилташ од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања (СЕТА).



Слични вести