21 декември, празникот на турската заедница во Македонија

Автор на програмата е Ремзи Џанова, новинар во Скопје

1551063
21 декември, празникот на турската заедница во Македонија

 

На 21. декември како и секоја година и оваа година со скромна свеченост (поради рестриктивните мерки во врска со пандемијата Ковид-19) се одбележа Националниот празник на турската заедница во Македонија, на која присуствуваа македонскиот премиер Зоран Заев, претседателот на Големото Народно Собрание на Турција Мустафа Шентоп, како и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери и други високи гости, кои одржаа пригодни говори. Овој настан како и секоја година на многу сликовит начин се прикажа разединетоста на турските политички партии во земјата, а сходно на тоа и турското општество во Македонија. Но да дојдеме до празникот. Зошто 21. декември во Македонија, се слави како национален празник на Турците, што се случило важен за турската заедница во Македонија на тој датум. Денес во Република Македонија опстојуваат три политички субјекти на турската етничка заедница, кои најчесто се антагонистички настроени една  кон друга. Дури и некои прашања од национален  интереси на турската заедница не може да ги мотивира овие партии да постигнат некаков минимум консензус од национално значение. Ете на пример и по прашањето на 21 декември меѓу овие три политички партии се уште нема изграден заеднички став. Зошто се слави овој празник? Од страна на двајца пратеници на едната од трите турски партии предлагаат 21-ви декември да биде национален празник на турската заедница во Македонија. Така од 2006 година до денес овој празник се одбележува како национален празник на Турците во Македонија. Но и 14 години потоа, целата турска заедница во државата овој датум не го чувствува како свој празник. Аналогно на тоа и сите три партии тоа не го доживуваат како национален празник. На 21 декември 1944 година, наводно за прв пат во Македонија почнало да се одржи настава на турски јазик, што е ноторна невистина. Од причини што не е точен податокот дека за прв пат настава на турски име и пред Втората Светска Војна. Така што овој датум не може да биде прифатен како национален празник на Турците од Македонија. Токму од тие причини се случуваше а и сеуште се случува турските партии во Македонија секоја за себе да го одбележува овој датум. Впрочем и оваа година одбележувањето на овој празник помина во таа атмосфера.

Од етаблирањето на политичкиот плурализам во земјава некаде на почетокот на деведесеттите години, Турците од Македонија беа претставени само од еден политички субјект. Тоа беше ТДБ-Турскиот Демократски Сојуз. Но набргу потоа, чисто од лични фрустрации и интереси на некои личности или групи во Македонија беа формирани уште некои турски политички партии, од кои денес опстојуваат само три. За една ваква мала етничка заедница како турската во Македонија, три политички партии се навистина многу. Но за жал поради болните амбиции на некои личности, никако не може да се дојде до некакво обединување на силите, со што турската заедница овде во Македонија би била далеку повлијателна и би преставувала некаков политички фактор. Но вака разединети, очигледно уште долги години ќе тапкаме наместо.

Еве на пример деновиве овде во Македонија тема на расправа е предлог законот за попис кој се очекува да се изврши во април идната година. Некои албански пратеници во врска со овој закон на пример, излегоа со иницијатива да се донесе закон со кој граѓани Албанци по потекло од Македонија, кои за време на поранешна Југославија отишле да живеат во другите југословенски републики, со помош на тројца сведоци да им се овозможи прием во македонското државјанство. Се работи некаде за околу 70 илјади Албанци, што предизвика жешки реакции од македонскиот блок во земјава. Од тука човек не може а да не помисли, како турските партии во Македонија не можат да се сплотат и заеднички да покренат слична иницијатива со кое ќе се признае право на македонско државјанство на илјадници илјадници Турци иселеници со потекло од Македонија кои живеат денес во Република Турција. Ова барање веќе долги години е изразено од страна нашите сонародници кои денес живеат во Република Турција. Турските партии во Македонија кои тврдат дека зборуваат во име на турската заедница во земјава никако да смогнат заедничка сила да покренат една ваква иницијатива во македонското собрание. Очигледно додека трае ваквата разединетост на турските политички партии во Македонија, нашите сонародници од Република Турција за жал уште долго ќе чекаат една ваква иницијатива.

Автор на програмата е Ремзи Џанова, новинар во Скопје.



Слични вести